Споменикот на Итар Пејо претставува спомен-чешма поставена во чест на еден од најпознати прилепчани, Итар Пејо. Споменикот е дело на вајарот Жарко Башески. Сместен е во старата чаршија, во близина на Градскиот саат кај старата фонтана. Споменикот е поставен во 2008 година. Пред споменикот на истоимениот плоштад се одржуваат т.н. „вечери на мајтапот“.
Галерија
Наводи
Категорија:Споменици во Прилеп Категорија:Македонски дела од 2008 година Категорија:Дела на Жарко Башески Категорија:Чешми во Македонија