Билско Езеро (, ) — езеро во западна Швајцарија. Се наоѓа на надморска висина од 429 метари, во сливот на реката Аре. Од југозапад до североисток е долго 15,5 км, а широко 4,5 км. Во јужниот дел на езерото се наоѓа тесниот и издолжен остров Св. Петерсинсел. лево|250п Западниот брег е скоро праволиниски и често подѕидан, затоа што по езерото води патот Нешател—Бил, со кој паралелно оди и железничка пруга. Источниот брег е послабо населен.

Во езерото се влева реката Ара во каналот Зил, кој проаѓа низ северниот дел на Нешателското Езеро. Од езерото истекува Ара, а тоа значи дека е проточно што е значајно за чистотата на водата.

Главни туристички центри покрај Билското Езера се: Бил, Нидау и Ерлах.

Категорија:Езера во Швајцарија Категорија:Берн (кантон) Категорија:Арски слив