Раичеица — археолошко наоѓалиште во крушевското село Свето Митрани. Претставува раноантичка и хеленистичка населба и некропола. Се наоѓа на 700–800 м североисточно од селото, каде на простор од 200 × 100 м, во приватни ниви се забележуваат траги од градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови. Откриени се и повеќе гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Поврзано Манастириште — населба и некропола од доцноантичко време; Свето Митрани; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи

Категорија:Свето Митрани Категорија:Древномакедонски гробници