Манастириште — археолошко наоѓалиште во крушевското село Свето Митрани. Претставува доцноантичка населба и некропола. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на десната страна од патот за селото Милошево, каде на голем простор од 500 × 500 м се забележуваат траги од станбени објекти и грамади од градежен материјал. Според кажувањето на мештаните, биле откриени повеќе камени конструкции од гробови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Поврзано Раичеица — населба и некропола од раноантичко и хеленистичко време; Свето Митрани; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи

Категорија:Свето Митрани