За истоимената област во Егејска Македонија, погл. Сариѓол (област).
Сариѓол — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на југозпадната падина на Плачковица, оддалечено 11 километри источно од Радовиш. Атарот зафаќа површина од Источно од селото тече реката Сирава, која се влева во Плавија (Плаваја) на јужниот крај од атарот.
Историја Во XIX век Сариѓол било турско село во Радовишката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Сари Ѓол имал 75 жители, сите Турци.
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сари ѓол живееле 124 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.
Во првите децении на XX век населението на Сариѓол значително нараснало, што се гледа од податокот на Гаџанов, како и од првите два пописа по Втората светска војна. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш Категорија:Раселени села во Македонија