Шаинташ — село на планината Плачковица, Општина Радовиш, источна Република Македонија. Денес селото е целосно иселено, во него постојат само неколку вили, кои се користат повремено за одмор. Исто така, околината на село Шаинташ се користи за сечење дрва за огрев и мебел, садење планински земјоделски култури - како компир, сточарство и слично.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Радовишки Шоплук, оддалечено 10 км североисточно од општинскиот центар Радовиш. Селото е сместено на надморска височина од 1.000 метри.

Атарот на Шаинташ зафаќа простор од 16,1 км2.

Историја Во XIX век Шаинташ е мало, целосно македонско село во Радовишката Каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Шаинташ имало 80 жители, сите Македонци.

Во почетокот на XX век мнозинството од жителите на селото се под владетелство на егзархијата. Според податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шаин Таш (Chaïn-Tache) има 80 македонски жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.138-139.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година еден човек од Шаинташ е доброволец во Македонско-одринското ополчение.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 888. По Втората балканска војна во 1913 година селото останува во Србија.

Стопанство Жителите на селото се занимавале со сточарство и земјоделство.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Денес селото е целосно иселено. Во минатото, селото било со мал број на жители. Околу 1905 година во селото имало 80 жители. Речиси сите жители во педесеттите и шеесеттите години на XX век се преселиле во селото Ораовица и во Радовиш.

Родови Шаинташ било македонско село

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

Доселеници: Стојановци (6 к.) доселени се пред 300 години од селото Пресека кај Кочани; Крстовци со Пецовци (9 к.) доселени се од селото Козбунар, во исто време со претходниот род; Стевановци со Ѓоргевци (7 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Вртешка кај Штип; Лазаревци (3 к.) и Пецовци (3 к.) доселени се од селото Смиланци.

Самоуправа и политика Центарот на село Шаинташ е град Радовиш.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 331, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Гробишта — средновековна некропола

Редовни настани

Родени во Шаинташ Стојмен Илиев - македоно-одрински војник, жител на Радовиш, 4 чета на 3 солунска дружина, рант на 17 јуни 1913 година„Македоно-одринското востание 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 315.

Култура и спорт

Иселеништво Денес селото е целосно иселено. Повеќето од жителите на Шаинташ се иселиле во Радовиш и село Ораовица.

Надворешни врски Село Шаинташ на Google Maps

Наводи

Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш Категорија:Раселени села во Македонија