За птицата видете Гавран.
Гарван — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители, со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Општина Конче. Сместено е помеѓу Градешка и Конечка Планина.
Историја
Селото во век било дел од Радовишката Каза на Отоманското Царство.
Откако било заземена од страна на српската војска во Втората балканска војна во 1913 година, селото било запалено. Во 1914 година, српските власти убиле 7 селани.
По Првата светска војна, селото како и цела Вардарска Македонија се нашле во рамките на Кралството СХС. На 2 март 1923 година, српска воена чета на чело со штипскиот жупан Добрица Матковиќ, го извршува Гарванскиот масакр — убиство на 28 жители на Гарван како одмазда за смртта на колонистите во Кадрифаковскиот масакр, извршен од страна на чета на ВМРО.ДАРМ, Фонд МНК, сигн. 14Цочо В. Билярски (ред.) „Тодор Александров: живот легенда“, София,, 1991, 164-165 стр.
Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 270 жители, сите Македонци.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235 По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гарван (Garvan) имало 320 Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Според пописот во 2002 година, селото Гарван имало 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.
Родови Гарван е македонско село.
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Доселеници: Цветановци (1 к.). Миховци (15 к.). Митрови (Димчевци) (3 к.). Велановци (9 к.). Коридовци (3 к.) и Велковци (7 к.) сите потекнуваат од предци кои се доселиле од Стар Гарван, село кое постоело во Тиквеш (неготинско). Овде се доселиле пред околу 300 години.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Гарван, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1616 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната и единствена селска црква, изградена на почетокот на век;
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — средновековна населба; Долна Бара — доцноантички викус и средновековна населба;
Култура и спорт
ФК Гарван
Поврзано Лакавичко Општина Конче Радовиш
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Гарван на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Конче