Нешателско Езеро (, ) — езеро во западниот дел на Швајцарија во францускиот говорен регион. Ова езеро со својот поголем дел се наоѓа во швајцарскиот кантон Нешател, а со помалиот дел се наоѓа во кантоните Во, Фрибур, Берн.
Со површина од 218,3 км2, ова езеро во целина се наоѓа во Швајцарија и поради тоа е најголемо. Поголеми швајцарски езера од Нешателското се Женевското Езеро кое со дел се наоѓа во Франција и Боденското Езеро (дел во Германија и Австрија). Езерото е долго 38,3 км, а најголемата ширина изнесува 8,2 км. Се наоѓа на надморска височина од 429 м, а максималната длабочина на езерото изнесува 152 м.
Во езерото се влеваат реките: Орбе, Арнон, Ареус, Сејон, канал де ла Сауж, Ментуе
Категорија:Езера во Швајцарија