Грбот на Јужен Судан е официјалниот грб на оваа африканска држава кој бил усвоен во јули 2011 година веднаш по независноста на државата.
Опис Централен елемент на грбот е африкански рибен орел кој стои исправено. На градите има златен штит, а позади штитот има две вкрстени копја. Орелот гледа кон десно со расширени крилја. Под орелот има две ленти, на кои на едната е испишано името на државата на англиски (Republic of South Sudan) а на другата е националното мото „Правда, слобода, просперитет“ на англиски. Орелот симболизира сила, отпор и визија, додека копјата и штитот заштита на новата држава. Претходно се користел грбот на Судан поставен во круг.
Останати грбови
Наводи
Поврзано Јужен Судан Знаме на Јужен Судан
Категорија:Национални симболи на Јужен Судан Јужен Судан