Грбот на Кипар прикажува бела птица која во клунот носи маслиново гранче (добро познат симбол на мирот) над бројот 1960 - годината на независност на Кипар од британските власти. Позадината е со бакарно-жолта боја, која го симболизира бакарното рудно богатство на Кипар (главно во форма на пирит, која е жолта).
Во времето кога Кипар бил британска колонија, локалните власти користеле неофицијален грб кој прикажувал два лавови кои биле засновани на грбот на Британија.
Турската страна на Северен Кипар користи посебен грб.
Надворешни години
Кипар — од видео порталот International Civic Heraldry
Видете уште и
Знаме на Кипар
Категорија:Национални симболи на Република Кипар