Тур де Франс 2011 било 98. издание на Тур де Франс. Започнало на 2 јули 2011 со должина на првата етапа од 180 километри на Пасаж ду Гоа и завршило на Шанзелизе во Париз на 24 јули 2011. Комплетната маршрута на Тур де Франс 2011 била објавена на 19 октомври 2010. Оваа година, трката повторно накратко ќе навлезе во Италија.

Акцентот бил ставен на Алпите во 2011, слично како што било на Пиринеите во 2010, во чест на 100-годишнината од првата посета на овие врвови од страна на возачите во Турот. Галибје бил посетен двапати во текот на трката и на 18. етапа за првпат групата завршила на врв од 2.645 метри. Ова било највисокиот врв, кој воедно бил и крај за етапата, на ова натпреварување, надминувајќи го крајот на Гранон (2413 м, близу Сере Шевалие) во текот на Тур де Франс 1986 (17. етапа). Само по вторпат од 1967 година Тур 2011 стартувал со масовна почетна етапа наместо пролог, последниот таков почеток беше во 2008.Тур де Франс: 2011 Без пролог uk.eurosport.yahoo.com, published: 27 јануари 2010, accessed: 2 јуни 2011

Австралиецот Кедел Еванс ја освоил трката, добивајќи го своето водство на поединечниот хронометар на претпоследниот ден. Тој станал првиот Австралиец, кој победил на трката и со 34 години, најстариот повоен победник. Енди Шлек од Луксембург завршил втор трета година по ред, а неговиот брат Френк Шлек завршил на третото место. Марк Кевендиш бил првиот британски победник во бодовен пласман, додека Самуел Санчес од Шпанија победил во планинскиот пласман.

Промена на правилата

Нови правила биле прифатени за Тур де Франс 2011, во однос на пласманите за бодовите и кралот на планините.

Претходно, етапите оквалификувани како рамни имале три средни спринтерски точки со бодови вредни 6, 4 и 2 за првите три велосипедисти, кои поминувале низ линијата. Во 2011, рамните етапи имале само еден среден спринт, но бил од вредност од 20 бода за првиот велосипедист, кој ја поминал линијата, како и првите 15 возачи добиваат бодови. Намерата била фаворитите за зелената маичка да се натераат да спринтаат двапати во денот за да освојат бодови. Бодовите на крајот на рамните етапи исто така биле зголемени, од 25 за победникот во 2010 на 45. Среднопланинските етапи се наградувале по 30 бода за победникот, додека високопланинските етапи и индувидуалните хронометри по 20 бода.

Претходно во планинскиот пласман, за било кое искачување од екстра категорија, прва категорија или втора категорија се доделувале двојни бодови, доколку тоа е последно на крајот на денот. Во 2011, само врвните етапи кои завршувале на врв добивале двојни бодови, посебно етапата број 12, која завршува на Луз Ардиден, етапа број 14 на Плато де Бел, етапа број 18 на Галибје и етапа број 19 на Алп д'Оз. Претходно, првите осум возачи во искачувањето од прва категорија добивале бодови, како и првите шест низ втора категорија и првите четворица низ трета категорија. Сега бодовите се добивале на следниов начин:

Искачувањата оценети како „екстра категорија“ (HC): 20, 16, 12, 8, 4 и 2 бодови за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот. Прва категорија: 10, 8, 6, 4, 2 и 1 бод за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот. Втора категорија: 5, 3, 2 и 1 бод за првите 4 возачи кои ќе стигнат на врвот. Трета категорија: 2 и 1 бод за првите 2 возача кои ќе стигнат на врвот. Четврта категорија: 1 бод за првиот возач кој ќе стигне на врвот.

Раните анализи довеле до шпекулации дека победникот во планинскиот пласман е поверојатно, во овој систем, да биде возач од генералниот пласман во однос на минатите години. Овие шпекулации се покажале точни, бидејќи Самуел Санчес, кој завршил шести во генералниот пласман, ја зел точкестата маичка.

Екипи

Сите 18 екипи во категоријата на Меѓународниот велосипедистички сојуз Proteam биле повикани и обврзани да се тркаат. Четири UCI професионални континентални тимови, сите француски, биле исто така поканети.

†: Поканети про-континентални тимови.

За повеќе детали, види Список на тимови и велосипедисти на Тур де Франс 2011.

Фаворити пред почетокот

Победникот од 2010 Алберто Контадор бил отсутен од велосипедизмот за време на допинг-истрагата од септември 2010 до февруари 2011, за кое време финалистот од 2010 Енди Шлек бил оценет како фаворит. Кога суспензијата била укината, тој објавил дека негова желба е да се натпреварува на двете трки, и на Тур де Франс и на Џиро д’Италиа 2011, која и ја освоил. Од другите на списокот на фаворити, Денис Мењшов бил член на тимот , кој не бил поканет да учествува.

Резиме на трката

thumb|left|250px|Тур де Франс на последниот ден, минувајќи низ Бри-сур-Марн во источните предградија на Париз

Специјалистот за класици Филип Жилбер прв ја зел жолтата маичка, победувајќи на првата етапа во Вандеја,, но на вториот ден биле најбрзи на екипниот хронометар, дозволувајќи му на Тор Хушовд да го преземе водството на трката, кое го задржал седум дена. Првата недела и половина била одбележана со бројни падови и несреќи, во кои имало голем број на познати возачи, како Андреас Кледен, Бредли Вигинс, Александар Винокуров, Јанез Брајкович, Крис Хорнер и Јурген ван ден Брук, сите морале да се повлечат поради повреди, додека Роберт Гесинк, Алберто Контадор, Самуел Санчес и Леви Лајпхајмер загубиле значително време и кондиција во текот на падовите. Имало и контроверзии, кога Ники Серенсен бил удрен од мотор, кој носел фотограф и кога Џони Хогерланд и Хуан Антонио Флеча биле повредени по инцидент со возила на Француската телевизија. Хаосот на етапата број 9 го искористил Тома Веклер кој го преземал водството на трката,, која ја носел цели 10 дена, спротивно на очекувањата, дури и низ Пиринеите и на сите, освен на една алпска етапа.

Клучните временски разлики помеѓу возачите, кои на крајот завршиле на првите три места во генералниот пласман, Кедел Еванс од , Луксембуржанецот Енди Шлек и неговиот постар брат и негов екипен колега Френк од , се случиле на етапата 16, кога Еванс доби 21 секунда во однос на Френк Шлек и минута и девет секунди во однос на Енди на крајот во Гап во влажни услови; етапата 18, кога 60 километарското бегство на Енди Шлек му донело предност од повеќе од две минути на највисоката етапна завршница во историјата на трката, на Галибје; и на претпоследниот ден, кога Еванс се најде на второто место на хронометарот, победувајќи го луксембуршкиот двоец за повеќе од минута и половина, со што ја обезбедил победата. И двајцата, Енди Шлек и Еванс, ја носеле жолтата маичка само по еден ден секој: Шлек на хронометарот, а Еванс на последната, во голема мера церемонијална, етапа во Париз.

Етапите, кои биле предвидени за спринтерски завршници биле доминирани од страна на манскиот спринтер Марк Кевендиш, кој освоил пет етапи, вклучувајќи ја и рекордната трета последователна победа на последната етапа на Елисејските полиња во Париз, со што победил и во бодовниот пласман, пред Хосе Хоакин Рохас и Филип Жилбер.

Во планинскиот пласман победил Шпанецот Самуел Санчес, кој имал победа и две втори места на четири планински етапни завршници. Енди Шлек завршил втор во таа категорија, а релативно непознатиот Белгиец Јеле Ванендерт трет.

Пјер Ролан победил во пласманот за млади возачи, во голема мера поради местата што ги постигнуваше во поддршката за неговиот екипен водач, Веклер, во текот на периодот кога тој ја носел жолтата маичка, но тој, исто така, ја освоил и престижната етапа на Алп д’Ез.

Етапи

ЕтапаДатумДвижењеДолжинаВидПобедник12 јули Пасаж ду Гоа – Мон де Алует 191,5 км 22px|alt=|link= рамна етапа 23 јули Лез Есар – Лез Есар 23 км 20px|link=рамна етапаекипен хронометар Гармин-Сервело34 јули Олон сур Мер – Редон 198 км 22px|alt=|link= рамна етапа 45 јули Лорјен – Мур де Бретањ 172,5 км 22px|alt=|link= брановидна етапа 56 јули Каре – Кап Фреел 164,5 км 22px|alt=|link= рамна етапа 67 јули Динан – Лизе 226,5 км 22px|alt=|link= рамна етапа 78 јули Ле Ман – Шатору 218 км 22px|alt=|link= рамна етапа 89 јули Егиран – Супер Бес 189 км 22px|alt=|link= средно планинска етапа 910 јули Исуар – Сен Флур 208 км 22px|alt=|link= средно планинска етапа 11 јули Ден за одмор1012 јули Оријак – Кармо 158 км 22px|alt=|link= рамна етапа 1113 јули Бле ле Мен – Лавор 167,5 км 22px|alt=|link= рамна етапа 1214 јули Кињо – Луз Ардиден 211 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1315 јули По – Лурд 152,5 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1416 јули Сен Годан – Плато ле Бел 168,5 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1517 јули Лиму – Монпелие 192,5 км 22px|alt=|link= рамна етапа 18 јули Ден за одмор1619 јули Сен Пол Труа Шато – Гап 162,5 км 22px|alt=|link= средно планинска етапа 1720 јули Гап – Пинероло 179 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1821 јули Пинероло – Галибие / Сере Шевалие 200,5 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1922 јули Модане – Алп д'Оз 109,5 км 22px|alt=|link= планинска етапа 2023 јули Гренобл – Гренобл 42,5 км 20px|link=рамна етапа поединечен хронометар 2124 јули Кретеј – Париз (Шанзелизе) 95 км 22px|alt=|link= рамна етапа

Пласмани Етапа Победник Генерален пласман25px Бодовен пласман25px Планински пласман25px Пласман за млад возач25px Екипен пласман25px Награда за борбеност25px 1 Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Герајнт Томас Омега Парма-Лото Периг Кеменор 2 Гармин-Сервело Тор Хушовд Гармин-Сервело недоделена 3 Тајлер Фарар Хосе Хоакин Рохас Микаел Делаж 4 Кадел Еванс Кедел Еванс Жереми Роа 5 Марк Кевендиш Филип Жилбер Иван Гутиерез 6 Едвалд Боасон Хаген Џони Хогерланд Адријано Малори 7 Марк Кевендиш Хосе Хоакин Рохас Роберт Гесинк Јаник Талабардон 8 Руј Кошта Филип Жилбер Тиџеј ван Гардерен Тиџеј ван Гардерен 9 Луис Леон Санчес Тома Веклер Џони Хогерланд Тим Јуропкар Флеча и Хогерланд 10 Андре Грајпел Марко Маркато 11 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Микаел Делаж 12 Самуел Санчес Самуел Санчес Арнолд Жанесон Леопард Трек Герајнт Томас 13 Тор Хушовд Жереми Роа Гармин-Сервело Жереми Роа 14 Јеле Ванендерт Јеле Ванендерт Ригоберто Уран Леопард Трек Санди Казар 15 Марк Кевендиш Ники Терпстра 16 Тор Хушовд Михаил Игнатиев 17 Едвалд Боасон Хаген Рубен Перес 18 Енди Шлек Реин Тарамае Енди Шлек 19 Пјер Ролан Енди Шлек Самуел Санчес Пјер Ролан Алберто Контадор 20 Тони Мартин Кадел Еванс недоделена 21 Марк Кевендиш На крај Кадел Еванс Марк Кевендиш Самуел Санчес Пјер Ролан Жереми Роа

Забелешки Во втората етапа, Кадел Еванс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја облекол зелената маичка, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман. Тор Хушовд, кој бил трет во генералниот и во бодовниот пласман, ја носел точкестата маичка. Во третата етапа, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман, Кедел Еванс, кој бил втор единствено за единствените бодови на таа етапа, ја облекол точкестата маичка. Во десеттата етапа, и двајцата Хуан Антонио Флеча и Џони Хогерланд ги носеле црвените броеви. Тие ја добиле наградата за борбеност по деветтата етапа за завршување на етапата и покрај ударот од телевизискиот автомобил. Флеча одбил да ја прифати наградата за подиум по етапата; Хогерланд имајќи ја веќе точкестата маичка, ја прифатил наградата.

Поредок

Генерален пласман ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 1′ 34″ 3 + 2′ 30″ 4 + 3′ 20″ 5 + 3′ 57″ 6 20px|Polka-dotted jersey + 4′ 55″ 7 + 6′ 05″ 8 + 7′ 23″ 9 20px + 8′ 15″ 10 + 10′ 11″

Бодовен пласман ВозачЕкипаБодови 1 20px|Зелена маичка 334 2 272 3 236 4 20px 208 5 20px 195 6 192 7 160 8 20px 105 9 105 10 20px 101

Планински пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20px|Polka-dotted jersey 108 2 98 3 74 4 20px 58 5 56 6 51 7 45 8 20px 44 9 40 10 40

Пласман за млад возач

ВозачЕкипаВреме1 20px 2 20px 0′ 46″3 + 7′ 53″4 + 10′ 37″5 + 22′ 21″6 + 32′ 05″7 + 50′ 05″8 + 54′ 26″9 + 1ч 17′ 00″10 + 1ч 21′ 05″

Екипен пласман

МестоЕкипаВреме1 20px258ч 18′ 49″2 + 11′ 04″3 + 11′ 20″4 + 41′ 53″5 + 52′ 00″6 + 58′ 24″7 + 1ч 09′ 39″8 + 1ч 16′ 12″9 + 1ч 30′ 16″10 + 1ч 47′ 29″

Бодови за светското бодување