Грбот на Гренада е усвоен заедно со независноста во 1974 година. Грбот прикажува штит поделен на четири делови во златен крст. Во средина се наоѓа Колумбовиот брод Санта Марија, а во четвртините се наоѓаат британски лавови и златни полумесечини од кои растат лалиња. На врвот од штитот се наоѓа златна круна. На врвот на грбот се наоѓаат седум ружи кои ги претставуваат седумте комуни на Гренада. Штитот е придржуван од оклопник и гулаб.

Поврзано Знаме на Гренада Гренада Грбови во Средна Америка

Гренада