Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански јазик — староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од службените јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гваранскиMortimer, K 2006 "Guaraní Académico or Jopará? Educator Perspectives and Ideological Debate in Paraguayan Bilingual Education" Working Papers in Educational Linguistics 21/2: 45-71, 2006 Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик.
Гваранскиот е единствениот староседелски јазик кој го зборува голем дел нестароседелско население. Ова е несекојдневна ситуација во Америка бидејќи староседелските народи низ историјата престанувале да ги зборуваат своите јазици и започнувале да зборуваат на шпански. Терминот „гварански јазик“ најчесто се користи да се означи парагвајската верзија на јазикот, но важно е да се напомене дека јазикот сочинува поголем дијасистем.
Писмо Сè до шпанската колонизација на Латинска Америка гваранскиот јазик не бил пишан јазик. Гваранскиот пишан стандарден јазик бил основан релативно скоро. Современата гваранска азбука се заснова на латиницата. Гваранскиот правопис е фонетски и вредноста на графемите е слична со таа на шпанскиот.
големи буквиAÃChEẼGG̃HIĨJKLMMbNNdNgNtÑOÕPRRrSTUŨVYỸʼ мали буквиaãcheẽgg̃hiĩjklmmbnndngntñoõprrrstuũvyỹʼ
Наводи
Поврзано Гварани Парагвај
Надворешни врски Гваранскиот јазик на Етнолог Гваранско-англиски речник Гваранскиот јазик и важноста на зачувѕвањето на староседелската култура преку јазикот Гварански портал на Универзитетот од Мајнц: Шпанско-германско-гварански речник Информации за гваранскиот јазик Присвојност во гваранскиот јазик Статични глаголи и присвојноста во гваранскиот
Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Бразил Категорија:Јазици во Аргентина