Сушево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба Населбата се наоѓа на северозападниот дел на територијата на Општината Штип, недалеку од градот, на оддалеченост од околу четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри.
Атарот зафаќа простор од 4,4 км2. На него пасиштата заземаат површина од 248 ха, а на обработлив- ото земјиште отпаѓаат 144 ха.
Историја Во XIX век, селото било дел од Штипската Каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиското Царство.
Стопанство Селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 70 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 232.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.
Сушево е мало село, коешто во 1961 година броело 107, а во 1994 година 20 жители, и е во фаза на раселување.
Според пописот од 2002 година, населението на Сушево броело 11 жители, сите Власи.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Доброшани.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип
Категорија:Раселени села во Македонија