Скандалци (понекогаш и Скандалица) — село во Општина Штип. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западниот дел на општината, на левиот брег на реката Брегалница и надморска висина од 250 м. Атарот зафаќа површина од .
Историја Селото постои барем од доцниот среден век, за што сведочат остатоците од црква во наоѓалиштето Гробишта непосредно меѓу селото и брегот на реката.
Во XIX век Скандалци било македонско село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Скандалци имало 40 жители, сите Македонци христијани.
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев од 1905 г. („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во Скандалци (Skandaltzi) живееле 24 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Скандалица (Skandalica) како село со нејасен етнички состав.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Население
Во првите децении на XX век македонското население го напуштило селото, а на негово место се доселиле Турци.
Во пописот од 1948 г. Скандалци не е дадено самостојно, туку е вбројано кон населението на с. Црешка.За табелата. Точка 47 — Пописи на населението на Македонија, база МАКСтат
Со иселувањето на Турците во 1950-тите, на нивно место дошле Албанци. Во текот на 1960-тите и тие го напуштиле Скандалци, и оттогаш селото останало без жители. Според пописот од 2002 година, селото немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Гробишта — доцнoсредновековна црква и некропола.
Личности Трајче Скандалијата — еден од првите членови на ВМРО во Штип;Македония в образи – фототипно издание, Анико, София, 2010, стр. 131 починал некаде по 1918 г.Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 102.
Иселеништво Според истражувања од 1957 г. познати се следниве родови од Скандалци иселени на други места: Криви Дол, Штипско: Дедо-Петрушеви (2 куќи)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип Категорија:Раселени села во Македонија