Хаџи-Сејдели — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото лежи во јужноото подножје на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од .

Историја Во XIX век Хаџи-Сејдели било турско село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Седили имало 50 жители Турци.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи Сејдли (Hadži Seidli) како село со нејасен етнички состав.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.

Во периодот пред Втората светска војна, населението на Хаџи-Сејдели доживеало голем пад, при што во 1948 г. се забележани 10 жители, а по неколку години тие се намалиле на 8. Во текот на 1950-тите сите Турци (т.е. целото население) го напуштиле селото, а на нивно место се доселиле 4 Албанци и 4 „останати“ лица.Хаџи-Сејдели — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Во 1960-тите Хаџи-Сејдели било наполно иселено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови Хаџи Сејдели било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

Доселеници: Демирарлар (5 к.), Ѓелолар (3 к.), Шабанлар (1 к.) и Беќирлар (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Усиналардан (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Мушанци; Мамуџик (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Орта Маало.

Иселеништво Иселеници има во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип

Категорија:Раселени села во Македонија