Знамето на Општина Боговиње е официјалното знаме на оваа општина кое било усвоено по новата територијална поделба на Македонија.
Опис Знамето е составено од црвен правоаголник со сразмер од 1:2. Во средината на знамето се наоѓа општинскиот грб, кој всушност е штит на кој има приказ на Боговињска Река како извира од Боговињското Езеро и тече низ падините на Шар Планина. Под овој пејзаж се наоѓа годината на основање на општината, 1996. Понекогаш над пејзажот може да се сретне и името на општината на македонски и албански.
Наводи
Поврзано Општина Боговиње Грб на Општина Боговиње Знамиња на општините во Македонија
Надворешни врски Знаме на Општина Боговиње
Категорија:Општина Боговиње Боговиње, Општина