Болест (латински: morbus) — нарушување од нормалната животна дејност на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него. мини|десно|250п|Болна девојка, слика на Микаел Петер Анкер

Видови болести Според динамиката на протекување перакутни - протекуваат за 1-3 денови, понекогаш за часови или дури минути; такви се повеќето тровења, некои алергични состојби, некои инфективни болести и др.; акутни - протекуваат за 2-7 денови; така протекуваат повеќето воспалителни процеси и инфективни болести, и др.; субакутни - протекуваат за 7-20 денови; така протекуваат некои бактериски и габични инфекции, и др.; хронични - траат повеќе од 20 денови; така протекуваат повеќето автоимуни болести, габичните инфекции, и др. Според локализацијата општи (генерализирани) - го засегаат целиот организам; такви се речиси сите заразни и метаболитни болести, и др.; месни (локални) - засегаат строго ограничени делови; општите промени во организмот се незначителни; такви се повеќето кожни болести, траумите (изгорувања, скршеници, исшачувања итн.) и др.

Предметот на медицината е настанувањето, развивањето, лечењето и профилактиката на болестите, секој дел од медицината изучува определен аспект на некоја група од болести. Основните медицински науки, коишто ги изучуваат болестите во целост, се: Етиологија Епидемиологија Нозологија Патологија Диагностика

Некои од познатите болести во секојдневието Апсцес- Abscessus, новоформирана патолошка шуплина, обвиена со капсула по чија внатрешност се расположени епителни клетки - исполнета со гној, при локализирано гнојно воспаление. Хепатит - воспаление на црниот дроб најчесто предизвикано од вирус или токсична материја Хепатит А - воспаление на црниот дроб предизвикано од RNK вирус, од фамијлијата Picornaviridae, а најчесто се пренесува со ингестија на контаминирана храна и вода. Хепатит Б - воспаление на црниот дроб предизвикано од DNK вирус ( Hepatitis B virus, од фамилијата Hepadnaviridae) кој опстојува во крвта и најчесто се пренесува преку сескуален контакт или трансфузија на инфицирана крв или крвни производи. Хепатит Ц - воспаление на црниот дроб предизвикано од ретровирус (Hepatitis C вирус, од familijata Flaviviridae) кое има слични клинички манифестациии како Hapatitis B. Рак - Cancer, болест која се одликува со неконтролирана клеточна делба, како и со способност на клетките на ракот да инвадираат други ткива, со директно растење или со миграција на клетките на далечни локализации. Гастритис - воспаление на слузокожата на желудникот, кое настанува поради дејство на неинфективни (на пример при примена на нестероидни антиифламаторни лекови - аналгетици) или инфективни (на пример бактерии од родот на хелиобактер) агенси. Настинка - Акутно вирусно воспаление на горнореспираторниот тракт Заушки - Акутно воспаление на задвиличната плунковна жлезда

Болеста како тема во уметноста и во популарната култура Болеста како тема во народното творештво „Митре и чума“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 23-25. „Гуга болна лежи“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 22. „Девет години болен лежав“ - македонска староградска песна.YouTube, Ansambl Biljana Devet godini bolen lezhav (пристапено на 24.11.2019) „Ајде болно лежи“ - македонска староградска песна.YouTube, Ajde Bolno lezi mojto libe - Lambe Alabakovski (пристапено на 24.11.2019) „Ајде разболе се мојто либе“ - македонска народна песна.Macedonian Folklore Classics, Nikola Badev. Macedonian Radio and Television, MP 41020. „Разболела се Ирина мома“ - македонска народна песна. „Катинка болна легнала“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 180. „Три години болна лежам“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 81. „Раболела се Калина“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 146. „Калина грло болело“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 110. „Болна лежала Стојанка“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 111-112. „Болно лежит малој моме“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 112-113. „Ленче бре, Ленче, попово ќерче“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 113. „Ти се молам мајко ко ќе умрам“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 113-114. „Боледувањето на Ѓерзелез“ (српски: Ђерзелезово боловање) - босанска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 71-72. „Болниот Јово и тамбурата“ (српски: Болани Јово и тамбура) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 79. „Болниот и болеста“ (српски: Боник и болест) - српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 400.

Болеста како мотив во книжевноста „Болеста на Дениција“ - песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски од 1968 година.Петре М. Андреевски, Дениција. Скопје: Три, 2005. „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“ - роман на српскиот писател Светислав Басара.Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011. „Ревматизам“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1974 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 67. „Болест“ — песна на Блаже Конески од 1989 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 117. „Госпоѓа во посета на болното дете на својата слугинка“ (хрватски: Gospođa u posjeti kod bolesnog djeteta svoje sluškinje) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 52-56. „Ај, на здравје!“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 58. „И мечето има грип“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 12. „Болест“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1918-1919 година.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 46-50. „Џемперот на болниот“ - песна на Борис Пастернак.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 51. „Извештај за чумата“ (српски: Izveštaj o kugi) — расказ на српскиот писател Радослав Петковиќ од 1998 година.Radoslav Petković, Izveštaj o kugi. Beograd: Laguna, 2020, стр. 23-32. „Смалување“ (српски: Смањивање) — расказ на српскиот писател Радослав Петковиќ од 1998 година.Radoslav Petković, Čovek koji je živeo u snovima. Beograd: Laguna, 2020, стр. 43-63. „Жеравите на Сасаки“ — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 104-107. „Записи за црниот Владимир“ (српски: Записи о црном Владимиру) — поетски циклус на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 117-132. „Лоша постапка“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 17. „Моменти“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 67. „Quo vadis, Пневномиј?“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 558. „Од Болничкиот дневник“ - песна на рускиот поет Василиј Филипов.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 238. „Болеста на Атанас Иваноски“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 198-204. „Оздравување на болниот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 135-136.

Болеста како тема во популарната музика „Ширење на болеста“ (англиски: Spreading the Disease) — албум на американската хеви-метал група Антракс (Anthrax) од 1985 година.YouTube, ANTHRAX - Spreading The Disease [Full Album] HQ (пристапено на 22.12.2016) „Време за разболување“ (англиски: Time to get ill) — песна на американската рап-група Бисти Бојс (Beastie Boys) од 1986 година.Beastie Boys, Licensed to Ill, Def Jam Recordings, 1986. „Лепрозен“ (англиски: The Leper) — песна на американската рок-група Дајносор (Dinosaur) од 1985 година.DISCOGS, Dinosaur* ‎– Dinosaur (пристапено на 30.7.2020) „Болест“ (англиски: The Disease) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1981 година.Discogs, Echo And The Bunnymen* ‎– Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021) „Сè уште болен“ (англиски: Still ill) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths) од 1984 година.YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017) „Градска болест“ (англиски: City Sickness) — песна на рок-групата Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.DISCOGS, Tindersticks ‎– Tindersticks (пристапено на 19.8.2018) „Имам астма“ (англиски: I've Got Asthma) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023) „Ерни имаше хернија“ (англиски: Ernie Had A Hernia) — песна на Тој долс.Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023) „Шампион во сипаници“ (англиски: Smallpox Champion) — песна на американската рок-група Фугази (Fugazi) од 1993 година.DISCOGS, Fugazi ‎– In On The Kill Taker (пристапено на 21.8.2020)

Наводи

Надворешни врски Хепатит Б

*