thumb|upright|Статуа на Хилдеберт од неговата опатија Сен-Жермен де Пре, 13 век (Лувр) Хилдеберт I (~496 – ) — франкиски крал на Париз, од меровиншката династија, еден од четирите сина на Хлодовик I кој го поделил кралството на Франките на синовите после својата смрт во 511. Тој бил еден од синовите на Света Клотилда, родена во Ремс.
При поделбата на кралството, тој како свој дел го добил градот Париз, и земјата северно сè до реката Сома, на запад до Англискиот канал, и Армориканскиот полуостров (денешна Брeтања). Неговите браќа владееле во другите земји: Теодорих I во Мец, Хлодомер во Орлеан, а Хлотар I во Соасон.
Во 523, Хилдерик со своите браќа учествувал во војна против Годомар од Бургундија. Хлодомер умрел во Битката кај Везеронс (524). Во 524, по убиството на децата на Хлодомер, Хилдеберт ги земал градовите Шартр и Орлеан под своја власт.
Учествувал во разни воени походи против кралството на Бургундија. Го опседнал Отен во 532 и, во 534, како свој дел од тоа кралство ги добил градовите Макон, Женева, и Лион. Кога Витигес, кралот на Остроготите, ја препуштил Прованса на Франките во 535, браќата на Хилдеберт му ги оставиле во владеење градовите Арл и Марсеј. Припојувањето на таа провинција било комплетирано, со помош на Хлотар, зимата 536–537.
Во 531, добил писмо од сестра му Кротилда, жена на кралот Амаралик на Визиготите, аријански крал на Хиспанија, Клотилда тврдела, дека е матретирана бидејќи била Католик. Хилдеберт отишол таму со војска и го поразил визиготскиот крал. Кротилда починала од непознати причини на патот за дома.
Хилдеберт направил и други воени походи против Визиготите. Во 542, ја зазел Памплона со помош на неговиот брат Хлотар и ја опседнал Сарагоса, но бил принуден да се повлече. Од овој поход тој во Париз донел скапоцена реликвија, туниката на Свети Винсент, во чија чест тој на Портите на Париз го изградил познатиот манастир на Св. Винсент, подоцна познат како Сен Жермен-де-Пре.
Починал на 13 декември 558, и бил погребан во опатијата што ја основал, каде му бил откриен и гробот.See "Nouveaux documents sur le tombeau de Childebert a Saint-Germain-des-Prés" in the Bulletin de la Société des Antiquaires, 1887. Со неговата жена Ултрагота немал синови, само две ќерки, Кродоберга и Кродесинда. Хилдеберт бил успешен монарх. Тој го проширил своето царство во повеќе туѓи територии, повеќе од своите браќа. Се борел во Бургундија (повеќе од еднаш), Шпанија (повеќе од еднаш), Прованса, и на други места во Галија. Григориј Турски, негов современик, вели дека Хилдеберт рекол: Velim unquam Arvernam Lemanem quae tantae jocunditatis gratia refulgere dicitur, oculis cernere.Translation: Хилдеберт исто така бил и најрелигиозен од сите синови на Хлодовик кој соработувал со браќата, ја спасил сестра му и го изградил познатиот манастир на Св. Винсент за да ја вдоми неговата реликвија. Потекло Предците на Хилдеберт I
Белешки
Извори Gregory of Tours. The History of the Franks. 2 vol. trans. O. M. Dalton. Oxford: Clarendon Press, 1967. Geary, Patrick J. Before France and Germany. Oxford University Press: 1988.
Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Кралеви на Бургундија Категорија:Родени 496 Категорија:Починати 558 Категорија:Европски монарси од 6 век Категорија:Погребани во базиликата Сен-Дени Категорија:Французи од 6 век Категорија:Родени во 496 година