Џејн Фонда () (Њујорк, САД, 21 декември 1937) — американска глумица, политичка активистка и поранешен фото-модел.
Животопис Џејн Фонда потекнува од филмско семејство: таа е ќерка на познатиот глумец Хенри Фонда, а нејзиниот брат Питер Фонда, исто така, остварил успешна глумечка кариера. Мајка ѝ Френсис имала кралски корени. Кога Џејн била мала, семејството се преселило од Калифорнија на Источниот брег на САД, а наскоро, татко ѝ побарал развод. Тогаш, мајка ѝ доживеала нервен слом и завршила во психијатриска болница, каде што извршила самоубиство, пресекувајќи си го грлото со брич. Тогаш, Џејн имала 12 години, а нејзиниот брат Питер - 10 години.Наташа Спирова, „Уживам во љубовта, но нема повторно да се мажам“, Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 11.
Подоцна, Џејн имала бурен живот, одбележан со три неуспешни брака, од кои има две деца. Таа првпат се омажила на 27-годишна возраст за францускиот режисер Роже Вадим, во чиј филм „Барбарела“ ја играла насловната улога. По раѓањето на ќерката Ванеса, бракот се распаднал, а во 1972 година, Џејн се омажила за познатиот антивоен активист Том Хејден. Од тој брак се родил синот Трој, а бракот траел до 1990 година. Една година подоцна, Џејн се омажила за Тед Тарнер, сопственикот на „CNN“, но во 2001 година, тие се развеле. По подолга пауза, во 2009 година, Џејн стапила во љубовна врска со музичкиот продуцент Ричадр Пери.
Во 1980-тите, Џејн Фонда остварила голем комерцијален успех со своите видео-касети со вежби и совети за здрав живот.
Филмска кариера Во 1991 година, Џејн Фонда објавила дека се повлекува од глумата, но 14 години подоцна, таа повторно се вратила пред камерите, глумејќи во филмот „Свекрвиште“, во кој играла заедно со Џенифер Лопес. Подоцна, таа глумела и во телевизиската серија „Вести“, како и во серијата „Грејс и Френки“, која се прикажувала на каналот „Нетфликс“.Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11.
Награди Најдобра главна глумица 1971 Клут 1978 Пристигнување во домот Најдобра главна глумица 1979 Џулија 1980 Синдромот Кина Најдобра главна глумица (драма) 1972 Клут 1978 Џулија 1979 Пристигнување во домот
Политички убедувања Во текот на 1960-тите, Фонда се вклучила во политичкиот активизам во поддршка на Движењето за граѓански права и против Виетнамската војна. Во 1970-тите таа се вклучила во движењето за женски права. Од 2010-тите таа сè повеќе е вклучена во еколошки акции.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски глумци Категорија:Американски феминистки Категорија:Еколози Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Американски природозаштитници Категорија:Добитници на Златен глобус