Знамето на Општина Свети Николе е официјалното знаме на оваа македонска општина.
Знамето е со правоаголен облик, поделено на два дела во дијагонален правец. Едната половина е во црвена боја, додека другата боја е жолта и овие бои потекнуваат од боите на македонското знаме како симбол на македонскиот народ. Во центарот на знамето е прикажан општинскиот грб на Свети Николе во црна боја. Грбот е штит со сонце на врвот, а на самиот штит има приказ на зграда опколена со венец и написот „Свети Николе“.
Иако во 2014 г. општината го усвоила вексилолошки исправното знаме изготвено од Македонското хералдичко здружение, подоцна органите го имаат вратено старото знаме, и покрај неговата вексилолошка неиздржаност.
Поврзано Општина Свети Николе Грб на Општина Свети Николе Знамиња на општините во Македонија
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Свети Николе
Категорија:Општина Свети Николе Свети Николе, Општина