Знамето на Општина Другово било официјалното знаме на оваа македонска општина кое било усвоено со последниот статут на општината. Знамето било во употреба од 2004 до 2013.
Опис Знамето на Општина Другово претставува православен црвен крст, обложен во златна лента на црна позадина. Во центарот на крстот е поставена златно-жолта Ѕвезда од Кутлеш, а целото знаме е обложено со златна лента. Црната основа на знамето ја претставува земјата, крстот го претставува православието а звездата ја претставува Македонија.Симболи на Општина Другово: Знаме
Наводи
Поврзано Општина Другово Грб на Општина Другово Знамиња на општините во Македонија
Надворешни врски Општина Другово, официјално мрежно место
Категорија:Општина Другово Другово, Општина