Знамето на Општина Ранковце е официјалното знаме на оваа македонска општина кое било усвоено со последниот статут на општината. Знамето било усвоено во 2007 и било дизајнирано од Стојанче Величковски.Знаме на Општина Ранковце

Опис Основна боја на знамето е црвена. Знамето е обработено со 8 (осум) односно 16 (шеснаесет ) триаголници во жолта боја, кои со црвената боја од рабовите формираат древно македонска плетенка , познат симбол од хералдиката. Во горниот лев агол е поставен грбот на општината. Грбот е составен од штит на кој има прикажано две птици-божици кои држат симбол на манастирот Св. Никола.

Наводи

Поврзано Општина Ранковце Грб на Општина Ранковце Знамиња на општините во Македонија

Надворешни врски Општина Ранковце, официјално мрежно место

Категорија:Општина Ранковце Ранковце, Општина