Мартиник (француски: Martinique, ) е француска прекуморска островска територија во источниот дел на Карипско Море, околу 450 км североисточно од брегот на Јужна Америка. Со копнена површина од 1128 km2|0 и вкупен број на население од 349,925 жители според пописот од јануари 2024. Припаѓа на групата Приветрени Острови и се протега северно од Санта Луција, југоисточно од Големи Антили, северозападно од Барбадос, и јужно од Доминика. Како и другите прекуморски окрузи, Мартиник е еден од 18 прекуморски региони на Франција и интегрален дел на Француската Република. Како дел од Франција, Мартиник е дел Европската Унија и негова валута е еврото. службен јазик е францускиот но населението исто така зборува и на антилско-креолски јазик (мартиничко-креолски јазик).
Потекло на поимот Кристофер Колумбо стигнал на островот на 15 јуни 1502, после 21 ден патување по океанот. Останал 3 дена.
Островот тогаш се нарекувал "Жуанакера-Матинино". Според историчарот Сидни Дани, островот бил нарекуван "Јуанакера" на Карибите, со значење "островот на игуаните".
Кога пристигнал Колумбо во 1502, островот го нарекол Мартиника, бидејќи го здогледале на денот кога се празнува Св. Мартиник и под влијание на соседниот остров Доминика
Историја
Пред доаѓањето на Европејците На островот отпрвин живееле Араваките, а потоа Карибите. Карибите од копното мигрирале на островот околу 1201 година, според карбонското датирање на артефактите. Тие потоа биле раселени, уништени и асимилирани од народот Таинци, кој се населил на островот во 1490.
1493–1688 На Мартиник стигнал Колумбо во 1493, но Шпанија имала мал интерес за оваа територија.
На 15 септември 1635, Пјер Белен Дезнамбук, француски гувернер на островот Сеент Китс, пристигнал на пристаништето Сен-Пјер на Мартиник со 150 француски доселеници. Деснамбук го побарал Мартиник за францускиот крал Луј XIII и за Француската "Компанија за Островите на Америка" (француски: Compagnie des Îles de l'Amérique), и ја основал првата европска населба во Фор Сен-Пјер (денешен Сен Пјер). Тој умрел во 1636, оставајќи го Мартиник и компанијата на неговиот внук Жак Диел ди Парке, кој во 1637, станал гувернер на островот.
Во 1636, домородното население се дигнало против доселениците за да гипротера од островот. Французите успешно се одбранилеод нападот и ги натерале да се повлечат во источниот дел на островот, на полуостровот Каравел. Кога домородците повторно нападнале во 1658, гувернерот шарл Уе ди Пети Пре им објавилвојна. Многумина биле убиени а тие што преживеале биле заробени и протерани од островот. Некои побегнале на Доминика или на островот Сент Винсент, каде Французите се согласиле да не ги напаѓаат ниту гонат.
Бидејќи имало неколкумина католички свештеници на Француските Антили, многу од првите доселеници биле хугеноти со поголема верска слобода од онаа на копното во Франција. Иако указите од кралот Луј XIV постојано доаѓале на островите за да се задуши еретичкото протестантство, властите на островот ги игнорирале сè до Указот за Ревокација на Луј XIV во 1685.
Од септември 1686 до почетокот на 1688, Француската Круна го користеле Мартиник за да ги протераат тука хугенотите кои одбивале да го крифатат католицизмот. Над 1,000 хугеноти биле транспортирани на Мартиникво тој период,најчесто на бродови со мизерни услови кои придонесувале многумина да умрат уште при патувањето. Оние што ќе преживееле биле ангажирани да работат на плантажи.
Бидејќи многумина од поседниците на плантажи на Мартиник и самите биле хугеното кои страдале од одредбите на Указот за Ревокација, почнале да прават заговори да заминат од Мартиник заедно со другите пристигнати протестанти. Многумина биле потикнати од католиците на тој чекор кои одвај чекале да си заминат кривоверците за да им ги земат плантажите за себе. До 1888 речиси целопротестантско население од Мартиник побегнало во Британските американски колонии. Оваа кралска политика го намалила населението на Мартиник и ја уназадила колонизацијата на островот за неколку децении а воедно придонела островите да бидат поподложни на британската окупација во следните неколку векови. алт=|лево|мини|Jolly Roger flag of pirate Bartholomew Roberts
По 1688 Под гувернерот на Антилите, Шарл де Курбон, Мартиник служел како пристаниште за француските пирати, меѓу кои и капетанот Крепо, Етјен де Монтабан и Матурин Демарежан. French language original, as reprinted in Le Diable Volant : Une histoire de la flibuste : de la mer des Antilles à l'océan Indien (1688-1700) / ('The Flying Devil : A History of the Filibusters : From the Antilles to the Indian Ocean (1688-1700)'). Подоцна пиратот Бартоломеј Робертс истакнувал црно пиратско знаме со два черепа над назнаките "ABH" ("A Barbadian's Head") и "AMH" ("A Martinican's Head") врз кои стои пират со меч, откако гувернерите на овие два острова испратиле бродови да го уапсат Робертс. мини|Битката кај Мартиник помеѓу британската и француската флота во 1779 година|277x277пкс Мартиник бил неколкупати окупиран од страна на Британците, вклучително еднаш за време на седумгодишната војна и двапати за време на Наполеоновите војни. Со исклучок на периодот од 1802-1809 година, по потпишувањето на Амјенскиот договор, Велика Британија го контролирала островот поголемиот дел од времето од 1794-1815, кога бил вратен на Франција по завршувањето на Наполеоновите војни. Оттогаш Мартиник е во сопственост на Франција.
Откако цените на шеќерот се намалиле во раните 1800-ти, поседниците на плантажи го загубиле политичкото влијание. Во 1848 година, Виктор Шелшер ја убедил француската влада да стави крај на ропството во Француските Западни Инди.
На 8 мај 1902 година, вулканот Пеле избувнал и целосно го уништил Сен Пјер, убивајќи 30.000 луѓе. Поради ерупцијата, бегалците од Мартиник пристигнале во чамци до јужните села на Доминика. На Мартиник, единствениот преживеан во градот Сен Пјер, Огист Кипарис, бил спасен од дебелите ѕидови на неговата затворска ќелија. Набргу потоа престолнината била префрлена во Фор де Франс каде е до денес.
За време на Втората светска војна, владата на Виши го контролирала Мартиник и Гвадалуп. Германските U-бродови го користеле островот за снабдување со гориво за време на Битката кај Карибите. Во 1942 година, 182 бродови биле потопени во Карибите, 45 во 1943 и 5 во 1944 година. Слободните француски сили го презеле островот на Денот на Бастилја, 14 јули 1943 година, кога адмиралот Роберт побегнал.
Во 1946, Француското Народно Собрание едногласно донело одлука да се трансформира колонијата во Прекуморски департман на Франција. Во 1974, станал само департман.
Во 2009, Францускиот Генерален Карипски Штрајк покажал длабоки етнички и класни тензии на Мартиник.
мини|Мапа на Мартиник заедно со неговите окрузи|313x313пкс Политика Заедно со Гваделуп, Реинион, Мајот и Француска Гвајана, Мартиник е една од прекуморските региони на Франција. Тој воедно е и најоддалечениот регион на Европската унија. Жителите на Мартиник се француски државјани со сите политички и законски права. Мартиник испраќа четири пратеници во француското Национално Собрание и двајца сенатори во францускиот Сенат.
На 24 јануари 2010 година, за време на референдумот, 68,4% од жителите на Мартиник гласале за премин во "единствена (една) заедница" во рамките на член 73 од францускиот Устав.
Субдивизии Мартиник е поделен на окрузи, 34 општини, and 45 кантони . Четирите окрузи на островот се следниве:
Форт-де-Франс е единствената префектура на Мартиник. Таа ја зазема централна зона на островот. Вклучува четири општини и шеснаесет кантони. Во 2013 година населението изнесувало 161.021. Освен престолнината, ги вклучува и општините Сен-Жозеф и Шелшер. Трините е една од трите потпрефектури на островот и го зазема североисточниот регион. Има десет општини и единаесет кантони. Во 2013 година населението било 81.475. Трините ги содржи заедниците на Трините, Ајупа-Бујон, Бас Поант, Гро Морн, Лорен, Макуба, Маригот Робер и Сен Мари. Марен, втората потпрефектура на Мартиник, го сочинува јужниот дел на островот и е составен од дванаесет комуни и тринаесет кантони. Во 2013 година населението било 119.653. Префектурата ги вклучува заедниците на Марен, Лез Анс д'Арлет, Дијаман, Дико, Франсоа, Ривер-Пилот, Ривер-Сале, Сент Ана, Света Луција, Сент Еспри, Ле Троа Исле и Воклен . Сен Пјер е третата потпрефектура на островот. Се состои од осум комуни и пет кантони, кои лежат во северозападниот дел на Мартиник. Во 2013 година населението било 23,402. Освен Сен Пјер, неговите заедници се Карбе, Каз-Пилот-Белфонтен, Морн-Руж и Прешер.
Географија мини|Мапа на Мартиник|алт=|лево|290x290пкс мини|Тропска шума на островот|269x269пкс Како дел од архипелагот на Антилите, Мартиник се наоѓа во Карипско Море околу 450 км североисточно од брегот на Јужна Америка и околу 700 км југоисточно од Доминиканската Република, северно од Санта Лусија, северозападно од Барбадос, југоисточно од Куба и Хиспаниола и јужно од Доминика.
Вкупната површина на Мартиник е 1.100 квадратни километри. Мартиник е трет по големина остров во Мали Антили по Тринидад и Гваделуп. Се протега 70 км во должина и 30 км ширина. Највисока точка е вулканот Пеле на 1.397 метри надморска височина.мини|Салин, песочна плажа на јужниот дел на островот|268x268пксОстровот по потекло е вулкански и лежи по раседот на подвлекување, каде Јужноамериканската Плоча лизга под Карипската Плоча. Мартиник има осум различни центри на вулканска активност. Најстарите карпи се андезитични лава датирани пред околу 24 милиони години, измешани со толеитична магма која содржи железо и магнезиум. Пеле, најдраматичната одлика на островот, се формирал пред 400.000 години. Пеле еруптирал во 1792, 1851 и двапати во 1902. Ерупцијата од 8 мај 1902 година, го уништила Сен Пјер и убила 28.000 луѓе за 2 минути додека онаа од 30 август 1902 година предизвикало речиси 1.100 смртни случаи.
Атлантскиот, или "приветрениот" брег на Мартиник е тежок за пловидба на бродови. Комбинацијата на крајбрежните карпи, плитки корални гребени и проливите и силните ветришта ја прават областа значително опасна зона за морски сообраќај. Полуостровот Каравела јасно го одделува северниот дел на Атлантскиот и Јужноатлантскиот брег.
Карибите, или "заветрениот" брег на Мартиник е многу поповолен за морски сообраќај. .
Северот на островот е планински. Се одликува со четири збира вулкани и планини: Питон Конил на крајниот север, кој се издига во Доминиканскиот канал, Пеле, активен вулкан, Јаков и Питон ди Карбе, ансамбл од пет изумрени вулкани покриени со дождовни шуми во заливот Фор де Франс со 1.196 м. Вулканската пепел на Пеле создала сиви и црни песочни плажи на север.
Јужниот дел е полесно прооден, иако сепак има некои импресивни географски одлики. Поради тоа што е полесно да се патува и поради многуте плажи и капацитети за храна во овој регион, најголем дел од туристичкиот сообраќај се одвива во јужниот дел на островот. Флора и фауна Северниот крај на островот зафаќа поголем дел од врнежите и е силно пошумен, со видови како што се бамбус, махагон, розово дрво и скакулци. Југот е посув и доминира савана, вклучувајќи кактуси, копаиба балсам и багремот.
Анол гуштери и змиите Мартинички ботропс се специфични видови на островот. Мунгосите (Herpestes auropunctatus), воведени во 1800-тите за контрола на змиите, станале и закана за околината бидејќи ловат и јајца од птици од што исчезнале многу локални видови на птици, како Мартиничкиот трепетник (Cinclocerthia gutturalis), белоградиот трепетник и сл. центар|мини|890x890пкс|Морн Ларше, општина Дијамант на Мартиник commune
Демографија
Население Населението на островот изнесува 385,551 според пописот од 2013. Се проценува дека 260,000 Мартиниканци и живеат на копното во Франција, најчесто во Парискиот регион. Населението низ историјата1700 проценка1738 проценка1848 проценка1869 проценка1873 проценка1878 проценка1883 проценка1888 проценка1893 проценка1900 проценка24,00074,000120,400152,925157,805162,861167,119175,863189,599203,7811954 попис1961 попис1967 попис1974 попис1982 попис1990 попис1999