мини|десно|250п|Страница од книгата Гоце Делчев и неговото време Делчевологијата се занимава со животот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев. За Гоцевата дејност се објавени повеќе биографии, статии, прилози и други материјали. Неговата дејност може да се најде и во оделно објавени биографии на македонски револуционери или личности кои имале контакти со македонското револуционерно движење, освен овие биографии, Гоце може да се сретне во оделно објавени книги, странски студии и енциколопедии. Сите овие трудови на свој начин го осветлуваат ликот и делото на македонскиот револуционерен апостол.

Биографии

мини|десно|150п|Пејо Јаворов За животот на Гоце Делчев се објавени повеќе биографии. Меѓу нив прво место зазема биографијата од Пејо Јаворов со што започнува т.н делчевологија Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978.

Делчев и Јаворов се запознале во мај 1901 година во Софија и набргу станале блиски пријатели. Нивното пријателство уште повеќе се продлабочило кога Јаворов се вклучил во четата на Делчев, со која во јануари 1903 година апостолот ја обиколил Македонија за последен пат. Во текот на оваа патување Јаворов водел белешки со кои биле поставени контурите на неговата биографија за Делчев. Освен овие белешки, Јаворов собирал и спомени за апостолот, особено по неговата смрт. Во октомври 1903 година Јаворов склучил договор со книжарот Олчев за издавање на биографијата на Делчев. Таа требало да биде издадена кон крајот на 1903 година, а се рекламирала за продажба од 25 јануари 1904 година Ганка Найденова - Стоилова, П. К. Яворов. Летопис за живота и творчеството му. София, 1959. Првото издание на биографијата на апостолот од П.К. Јаворов била објавена како посебна книга, која што била придружена со 6 илустрации и писма за Делчев, неговите браќа и за четите од серскиот револуционерен округ . Оваа книга претрпела повеќе изданија, во 1917 година е објавена како книга од Воената библиотека П. К. Яворов, Гоце Делчев, София, 1917. Во 1925 година еден дел од биографијата на апостолот била преведен на германски јазик и објавена во Виена од страна на македонското студенско друштво во туѓина P. K. Jaworoff, Gotze Deltscheff, Wien, Maqkedonishe Studenten - Vereine im Ausland, 1925. Биографијата за Делчев од Јаворов била неколкупати објавувана како посебна книга или во собраните дела на Јаворов. Познати критички изданија се од 1939, 1959 и 1965 година Съчинения на П. К. Яворов. Т II. Хайдушки копнения. Гоце Делчев. София. 1939П. К. Яворов. Собрани съчинения Т II. София. 1959П. К. Яворов. Съчинения. Т III. София. 1965. Книгата на Јаворов била објавена и во делови. Во 1908 година, весникот Илинден објавил делови Съчинения на П. К. Яворов..., 253, делови биле објавени во повеќе списнаија и весници, особено во време на годишниците од убиството од апостолот. По создавањето на современата македонска држава, делови од книгата биле објавени во Нов ден П. К. Јаворов, Гоце Делчев (извадоци). - Нова ден IV/5 (1948) и Нова Македонија Извадоци од книгата Гоце Делчев од Пејо Јаворов. - Нова Македонија 1. V 1948, 5.

Биографијата на Делчев од Јаворов имала силен одек сред македонските средини особено меѓу македонската емиграција во Бугарија. Таа била различно оценета од критиката. Грашев во весникот Македонија напишал дека Јаворов го познавал апостолот долго време, во текот на кое добро го изучил и така го претставил во книгата. Меѓутоа критичарот сметал дека Јаворов не можел подлабоко да проникне во суштината и малку говорел за ученичките години на Делчев во Солун и Кукуш Македония II/I (април 1904), 21-25.. Ѓорче Петров истакнал дека Делечев бил оцртан на начин несообразен со стварноста Сказка за Гоце Делчев, Бюлетин No 3 (1919)Кон искажувањата на Ѓорче Петров за Гоце Делчев. - Разгледи IV/5 1962, приредила Ванѓа ЧашулеЃорче Петров, Македонското ослободително дело, Скопје, 1971, редакција Гане ТодоровскиЃорче Петров, Беседа за Гоце, Култура, 2003, а слична оценка даваат и некои критичари, според кои Биографијата е најромантичен, најправдив летопис за Гоце Делчев . Кога се оценува делото на Јаворов за апостолот треба да се земат предвид неколку околности. Јаворов бил пријател на Делчев, со него во одреден период четувал со апостолот низ Македонија и се обидувал да проникне во психологијата и филозофијата на револуционерот. Авторот во Делчев гледал идеал и херој, отука Јаворов ја глорифицирал дејноста и животот на апостолот .

Антон Страшимиров напишал брошура за апостолот, која била објавена во Солун во 1909 година . Оваа книга е особено значајна затоа што таа била објавена во текот на младотурското владеење, во услови на легален политички живот кога било дозволено пропагирањето на дејците од македонското револуционерно движење. Страшимиров ја глорифицирал апостолската мисија на Делчев, меѓутоа Каранфилов во еден критички осврт кон оваа дело за Делчев укажал дека Страшимиров ја заобиколувал душевната сушност на апостолот Е. Каранфилов, Българи. София. 1968.

На 11 мај 1919 година во Софија пред македонската студенска група, Ѓорче Петров одржал предавање за животот и делото на Делечев. Ѓорче како пријател и другар на Делчев, негов долгогодишен придружник и корифеј на македонското револуционерно движење, најдобро и најавторитетно ја оценил личноста на Гоце Делчев. Во оваа беседа, Ѓорче се обидел, од една дистанца на изминатите две децении, да даде оценка на Делчев, да се обиде да проникне во низа суштествени прашања во македонското движење, како и во психолошките, идеолошките и организациските особености на Гоце. Дополнително светло за дејноста на апостолот фрлаат и Спомените на Ѓорче Петров Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев, I-VI, Култура, Скопје, 1972.

Крум Христов во 1953 година најавил солидно познавање на проблемите поврзани со личноста на апостолот Крум Христов, Гоце, Септември VI/5 (1953), а во 1955 година ја објавил својата книга за Гоце Крум Христов, Гоце Делчев, София, 1955. Во оваа обемно дело, околу 300 страници, Христов на еден многу жив начин го претставува местото на Гоце во македонското револуционерно движење. Книгата е поделена на 25 поглавја, кои се сочинуваат една целина со што се дава добар оцрт на апостоловиот дух .

Во 1963 година, Дино Ќосев најавил ново разбирање за Гоцевата личност Клисуров Д., Освободителното дело на народа е несъкрушимо, Работничко дело, 1. VIII. 1963. Отука Ќосев (алиас Д. Клисуров) објавил неколку дела. Во 1967 година ја објавил својата книга за Делчев, а истата таа целосно била внесена како прилог кон писмата на Гоце Делчев, најавени 1967 година, а објавени во 1968 година . Ќосев во својата книга го прикажува Гоце како личност од бугарското национално - ослободително движење, како верен ученик и следбеник на апостолот Васил Левски и поборник за идејата за обединување на бугарската нација . мини|десно|150п|Христо Андонов Полјански По повод 65 годишнината од смрта на Гоце биле објавени повеќе прилози за неговот дело и живот. Ванѓа Чашуле напишала биографија за Гоце, објавена на македонски, српскохрватски и словенечки јазик Гоце Делчев, Идеолог и организатор на македонското национално-ослободително движење, Скопје, Култура, 1968Goce Delcev, Ideolog i organizator makeodnskog nacionalno-oslobodilackog pokreta, Skopje, 1968Goce Delcev, Ideolog in organizator makedonskega nacionalno-osvobodilnega gibanja, Skopje, 1968. Авторот на ова дело врз основа на архивскиот материјал направил сериозен обид за објаснувањето на Гоцевата личност и неговото место во историјата на македонското национално - ослободително движење.

Во 1972 година, по повод стогодишнината од раѓањето на апостолот била објавена капиталната едиција Гоце Делчев (I-VI, Култура, Скопје, 1972) под редакција на Христо Андонов Полјански, а во неа се внесени сите објавени или необјавени материјали поврзани со делото и животот на Гоце до кој дошол авторот. Полјански објавил повеќе дела за апостолот, а во 1978 година, по повод 75 годишнината од смрта на Гоце, ја објавил книгата Гоце Делчев и неговото време, во која авторот се обидува да ја претстави целосно биографијата на Гоце и неговото време користејќи го, согласно неговите разбирања и погледи, најпозитивното, најавтентичното и најфактичкото од изворите и литературата .

Покрај обвие објавени книги и брошури за Делчев, во Институтот за национална историја и Унивезритетската библиотека во Скопје се зачувани во ракописи неколку трудови од Димитар Поп Ефтимов Делото на Гоце Делчев, СофияНепростими попустителства, слабости и грешки во борбата на Гоце Делчев срещу върховизма и върховистите, Варна, 1959Относно социализма на Гоце Делчев, Варна, 1953Животът, делото и смъртта на Гоце Делчев, Сталин, 1954Кратка биография на Гоце Делчев, Сталин, 1955. Во нив е обработена биографијата на Делчев и неговата организациска дејност, а постои и ракопис под наслов: Гоце Делчев (Живот, дело, идеи, Софија) од Дино Јанков. Во 1988 година била објавена биографијата на Гоце Делчев од Димитар Димески Д. Димески, Гоце Делчев, Мисирков, 1988, подоцна биле објавени уште неколку изданија (1989, 1990, 1992, 1994 и итн.) Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994Dimitar Dimeski, Goce Delčev, Macedonian Review, 1997Димитар Димески, Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смрта на Гоце Делчев (1903-2003), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003. Едиција како дополнето издание на првата, едиција објавена на англиски јазик, едиција по повод 100 годишнината од смрта на Делчев. Димевски со својот труд се вбројува меѓу најдобрите познавачи на делото и животот на Делчев. Авторот настојувал да ги избегне стереотипите, да ја долови психологијата на личноста и да му дозволи на самиот Делчев да говори низ документите.

Статии, прилози и други материјали

мини|десно|200п|Статија за Делчев во Илустрација Илинден Оделните прилози за живот и делото на Делчев, неговата улога во македонското револуционерно движење и време во кое егзистирал, заземаат посебно место во делечевологијата. Биле објавени голем број на прилози, статии и други материјали кои ги разгледувале овие прашања. Тие биле објавувани веднаш по убиството на Делчев, зачестиле во периодот помеѓу двете светски и особено по Втората светска војна. На прво место тука спаѓаат прилозите објавени во специјалните весници посветени на апостолот, под заглавија: Гоце, Гоце Делчев, Гоцев лист и итн. Голем број на призлози за Делчев, од пригоден, истражувачки или јубилијен карактер биле објавувани во разни списанија и весници.

Списанија: Демократски преглед, Македoно-Одрински преглед, Културно единство, Билтен на Временото представништво на ВМРО, Македонски преглед, Зборник Илинден, Македонски вести, Илустрација Илинден, Македонска мисла, Септември, Историски преглед, Нов ден, Современост, Историја, Иселенички календар, Журнал, Стремеж, Културен живот, Разгледи, Гласник на Институтот за национална историја, Македонска ревија и итн.

Весници: Вспоменателен лист на трите големи македонски револуционери, Тие не умираат, Револуционерен лист, Мир, Македонско единство, Советска Македонија, La Macedoine, Македонија (1919), Correspodance Balkanigue, La Federation Balkanigue, 20 Јули, Работничка борба, Македонија (1922), Илинден, Македонски живот, Илинденски лист, Македонска борба, Автономна Македонија, Македонија (1926), Устрем, Независна Македонија, Македонско знаме, Македонско дело, Пиринско дело, Нова Македонија, Македонија, Вечер, Makedonski Ilinden Bulletin (Melburne), Непокорен, Пирински глас, Глас на Егејците, Демократ, Makedonija (Sydney), Илинден (1954), Млад Борец, Студенски збор, Доброволец, Makedonski vesnik (Melburne), Mаkeodnski zivot, Неа Елада (Македонски одел), Политика, Илинден, Македонија, Ново време (Торонто) итн.