Градиште — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Мали Влај. Претставува утврдена населба од средниот век. Се наоѓа на 3,5-4 км западно од селото. Сместен е на висок рид со исклучително доминантна положба над околината, каде се забележани грамади од кршен камен, а според кажувањето на мештаните имало и базени–цистерни за вода.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Мали Влај; Св. Илија — црква од доцен среден век; Св. Недела — црква од средниот век.

Наводи

Категорија:Мали Влај