Славистички Студии — македонско списание за русистика, полонистика и бохемистика. Списанието било орган на Катедрата за славистика при филолошкиот факултет на УКИМ во Скопје. Списанието излегувало во периодот од 1976 до 2006 година. Одделни броеви биле посветени на професорите: Вера Јанева-Стојановиќ (1985), Маргарита Пашоска (1999/2000), Зузана Тополињска (2001), Милан Ѓурчинов (2004) и Рина Павловна Усикова (2006). Наводи
Категорија:Македонски списанија Категорија:Универзитет „Св. Кирил и Методиј“