Алберт Абрахам Мајклсон ( — ) — американски физичар познат по неговата работа за мерење на брзината на светлината посебно за Мајкелсон-Морлиевиот обид. Во 1907 ја добил Нобеловата награда за Физика. Тој станал првиот Американец кој ја примил Нобеловата награда за физика.
Животопис
Мајклсон е роден во Стшелно, Познањ во Полска, претходно територија на Полско-литванската Државна Заедница во еврејско семејство. Се преселил во САД со своите родители во 1855, на возраст од 2 години. Пораснал во рударските градови Марфиевиот камп, Калифорнија и Виргинија Сити, Невада, каде неговиот татко бил трговец. Неговата фамилија била секуларна, а и самиот Мајклсон бил доживотен агностик. Ги поминал своите училишни години во Сан Франциско во домот на неговата тетка ,Хенриета Леви која била мајката на авторката Хариет Лејн Леви.Levy, 920 O'Farrell Street, 47.
Претседателот Јулисиз Симпсон Грант го наградил Мајклсон со специјална награда во Поморската академија во 1869 година.Nimitz Library's Virtual Exhibits- LibExhibits За време на неговите четири години како морнарички питомец во академијата, Мајклсонсе истакнал во полето на оптиката, топлината, климатологијата и цртање. По матурирањето во 1873 и две години на море, тој се вратил во Поморската Академија во 1875 да стане наставник по физика и хемија во 1879 година. Во 1879 година, тој бил испратен во Поморскиот алманах оддел, во Вашингтон (дел од поморската опсерваторијаNineteenth century astronomy at the U.S. Naval Academyhttp://eprints.jcu.edu.au/4957/1/4957_Shankland%26Orchiston_2002.pdf),за да работи со Сајмон Њуком. Во наредната година тој добил отсуство од работа за да ги продолжи своите студии во Европа. Тој ги посетил универзитетите во Берлин и Хајделберг, и Францускиот колеџ и Политехничката школа во Париз.
Во 1877, се венчал со Маргарет Хемингвеј, ќерка на богат Њујоршки адвокат и брокер. Тие имале два сина и една ќерка.James, I. (2009). Driven to Innovate: A Century of Jewish Mathematicians and Physicists p. 101. ISBN 978-1-906165-22-2. "In 1877, he married Margaret Hemingway, daughter of a wealthy New York stockbroker and lawyer. This marriage lasted twenty years and produced two sons and a daughter."
Мајклсон бил фасциниран со науките, посебно со проблемот со мерењето на брзината на светлината. Додека бил во Анаполис, го спровел својот прв обид за брзината на светлината, како дел од демонстрацијата за време на часот во 1877 година. Неговиот Анаполски обид бил редефиниран, во 1879 година, при што ја измерил брзината на светлината и таа била 299.864±51 км/с, и ја проценил брзината на светлината во вакуум дека изнесува 299.940 км/с.Speed of light measurements historyOptics News - Optics at the U.S. Naval AcademyMichelson's 1879 determinations of the speed of light По 2 години студии во Европа, дал отставка од Морнарицата во 1881 година. Во 1883 се вработил како професор по физика на Факултетот за применети науки при универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ во Кливленд, Охајо и се концентрирал на развивање на подобар интерферометар. Во 1887 тој и Едвард Морли го извеле познатиот Мајклсон-Морлиевиот обид кој го отфрлил постоењето на етер. Тој подоцна го искористил астрономскиот интерферометар во мерките на ѕвездените пречници и во мерење на разделеноста на двојните ѕвезди.
Во 1889 Мајклсон станал професор во универзитетот „Кларк“ во Вустер, Масачусетс и во 1892 бил назначен професор и прв шеф на одделот за физика на новоорганизираниот Чикашкиот универзитет.
Во 1899, се венчал со Една Стантон. Тие имале еден син и три ќерки.
Во 1907, Мајклсон ја имал честа да биде првиот Американец да ја добие Нобеловата награда по Физика „за неговата оптички прецизни инструменти и спектроскопски и метролошки испитувања спроведени со тие инструменти“. Тој исто така го освоил Коплиевиот Медалот во 1907, Хенри Драперовиот медал во 1916 и Златниот медал на Кралското Астрономско Друштво во 1923 година. Исто така, еден кратер на Месечината е именуван по него.
Мајклсон починал во Пасадена, Калифорнија на возраст од 78 години. Во сеќавање на Мајклсон и неговите достигнувања Чикашкиот универзитет ја посветил студенското живеалиште „Мајклсонова куќа“ во негова чест. И Кејс Вестерн Резерв има посветено живеалиште во неова чест, и Мајклсон Хол (академска зграда со училници за науки,лаборатории и канцеларии) во Поморската академија на САД исто така го носи негово име. Универзитетот „Кларк“ го именувал театерот во негова чест. Мајклсоновата лабораторијата во морнаричката база „Чајна Лејк“ во Риџкрест,Калифорнија е именувана во негова чест. Постои екран во делот кој е отворен во лабораторијата во кој се прикажани факсимили од неговата Нобелова награда (медалот), документот за наградата и примери од неговите дифракциони мрежички.
Поврзано Список на еврејски нобеловци Список на морнарски академски нобеловци
Наводи
Надворешни врски
National Academy of Sciences Biographical Memoir Michelson's Life and Works from the American Institute of Physics U.S. Naval Academy and The Navy USNA Guide to the Albert A. Michelson Collection, 1803–1989 From USNA to Nobel: Albert A. Michelson's Life and Contributions Michelson House at the University of Chicago Michelson's Nobel Prize Biography
IMDB: Bonanza episode Look to the Stars Norman Maclean: "Billiards Is a Good Game": Gamesmanship and America's First Nobel Prize Scientist; reprinted in Lapham's Quarterly The U.S. Naval Academy Observatory Programs and Times Gone By: A Tale of Two Domes NAWS China Lake Nineteenth Century Astronomy at the U.S. Naval Academy
Категорија:Американски физичари Категорија:Експериментални физичари Категорија:Оптички физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Еврејски физичари Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Наградени од Националната академија на науките на САД Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Американски нобеловци Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Торинската академија на науките