Ќоселари — село во Општина Лозово, неколку километри јужно од градот Свети Николе.
Географија и местоположба Селото Ќоселари се наоѓа во Овче Поле, во централниот дел на општина Лозово, на 12 километри јужно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Селото има атар од 22,2 квадратни километри. Најголем дел од површината се пасишта.
Историја Како и поголемиот дел од селата во Република Македонија, селото во втората половина на XX век го зафатиле процесите на миграција од село во град, со што бројот на жители драстично се намалил.
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 20 Македонци и 210 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226. Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена.
Стопанство Во селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 867 хектари, пасиштата зафаќаат 1.204 хектари, додека 120 хектари се шуми.
Демографија Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Власи.
Во 1961 години бројот на жители изнесувал 413 жители. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 95 - 62 Македонци и 33 Власи. На пописот од 2002 година, селото имало 88 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Националност Вкупно Македонци 42 Турци 0 Роми 0 Албанци 0 Власи 46 Срби 0 Бошњаци 0 останати 0
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ќоселари има 28 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 19Албанци 0Турци 0Роми 0Власи 8Срби 0Бошњаци 0Други1 На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика. ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————450195367—423—35—...15261961171——......—...2424131971146—16—...—...2133751981141———49—...1191199172———41——295199462———331——95200242———46———88
Родови Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
Влашки
Доселеници: Додевци (3 к.), Бодевци (3 к.), Штерјавци (3 к.), Кранговци (3 к.), Пискуљовци (2 к.), Белевци (1 к.) и Мишевци (1 к.) доселени се во 1926 година. Пред тоа биле номади-сточари на Калин Камен кај Крива Паланка; Зурзовци (3 к.) доселени се од селото Соколарци кај Кочани; Оневци (2 к.) доселени се од селото Коњух кај Кратово; Кукуловци (1 к.) доселени се од селото Мездра; Назировци (1 к.) доселени се од Караорман кај Штип; Дебрановци (1 к.) доселени се од Зрновци кај Кочани; Џамбазовци (1 к.) и Караниковци (2 к.) доселени се од селото Липово кај Штип; Кранго (2 к.) доселени се од селото Аргулица кај Штип; Јеронда (1 к.) доселени се од селото Нивичани кај Кочани; Симовци (1 к.) доселени се од Истибања кај Кочани; Мишовци (1 к.) доселени се од селото Пишица кај Пробиштип; Тодорови (1 к.) доселени се од селото Сушево кај Штип; Борозановци (2 к.) доселени се од селото Лепопелци кај Кочани. Сите доселени од 1954 година. До 1948 година и тие биле номади-сточари на Калин Камен кај Крива Паланка.
Македонски
Доселеници: Јашковци (3 к.), Кипријанови (1 к.) и Јаќим Ампов (1 к.) доселени се во 1954 година од селото Рајчани кај Кочани; Митко (1 к.) доселени се од селото Соколарци кај Кочани; Глигор (1 к.), Игњатови (2 к.), Станојко (1 к.) и Борис (1 к.) доселени се од селото Куново кај Кратово; Брезар (1 к.) доселени се од Горно Кратово; Игнат (1 к.) и Марко (1 к.) доселени се од Зеленград кај Пробиштип; Ѓоро (1 к.) доселени се од Кнежево кај Кратово; Филиповци (3 к.) доселени се од селото Филиповци кај Кратово.
Култура и спорт Во Ќоселари постои: основно училиште до IV одделение, фабрички погон и услужни дејности.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Амзибегово.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.
Културни и природни знаменитости Археошки наоѓалишта Банка Трла - населба, базилика и некропола од доцноантичкото време; Јурутлук — населба од неолитското време; Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време; Манастир - средновековна населба и црква; Машатл’к — средновековна некропола; Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време.
Иселеништво До 1958 година турско население се иселило во Турција (околу 50 семејства). Тие се населиле во местото Дургут во близина на Измир.
Поврзано Овче Поле Општина Лозово Свети Николе
Литература Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 306 стр.
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Ќоселари на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Лозово