Хлодовик III е крал на Франките од Австразија од 675 до 676.
Роден околу 670, за него се мисли дека му бил син на Хлотар III, но впрочем веројатно обичен измамник кој го измислил Еброин. Во 675, после убиството на кралот Хилдерик II, Неустријците и Бургондите за крал го прогласиле Теодорих III. Австразијците и поранешниот мајордом на палатата Еброин, тргнати од власт, за крал на Австразија го прогласиле, младиот Хлодовик, едно петгодишно дете. Гледајќи дека нема голема поддршка, Еброин се откажува од идејата да го поддржува Хлодовик во замена да стане мајордом на палатата на Неустрија. Хлодовик III бил симнат од престолот. Најверојатно бил однесен во манастир каде починал. Датумот на неговата смрт не е познат.
Извори
- "Животот на Св.Леже владиката од Отен" (vers 680) :
The Oxford Merovingian Page .
Категорија:Средновековен монарх Категорија:Франкиски крал Категорија:Меровинзи Категорија:Родени во непозната година