Христо Андонов Ушинов (2 февруари 1887 - 1928) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10 Животопис мини|лево|350п|Организациското одделение на Тодор Александров, Христо Андонов е втор од лево кон десно. Андонов е роден во валандовското село Грчиште во 1887 година. Влегол во ВМОРО, но бил прогонуван од страна на властите и избегал во Бугарија. При избувнувањето на Првата балканска војна, Андонов бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во четата на Ичко Димитров, подоцна во четата на Коста Христов Попето и во IV чета при 15-та штипска дружина.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.

По завршувањето на Првата светска војна, тој се вклучил во обновата на ВМРО и станал четник во струмичката чета. Во април 1923 година, тој станал дојрански околиски војвода на ВМРО. Четата развила голема дејност и успева да организира околијата. Во август, околијата била доверена на Петар Овчаров, а од јули 1924 година, повторно била преземана од Андонов. Во ноември 1924 година, тој се борел во месноста Борисовско во Беласица.Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 136.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 15.

Во 1924 година, тој учествувал како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО и бил избран за резерви член на Окружниот комитет.Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 27, 87 - 91. Во пролетта 1925 година, тој ја поминал реката Вардар, заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов и Петар Ангелов.Спомени на Георги Попхристов. Во 1928 година е делегат на Седмиот конгрес на ВМРО

За време на криза во ВМРО, по убиството на Александар Протоѓеров, во 1928 година, Христо Андонов ил на страната на Михајловистите. Бил убиен во 1928 година, во близина на селото Димидово, од страна на Христо Гоглев, испратен од пратеникот на протогеровистичкиот централен комитет - Димитар Димашев. По убиството, Гоглев се предал на српските власти и станал ренегат.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 9.Защо бе убит Александър Протогеров. Светлина върху събитията от 1924 и 1928 години. По данни на Вътрешната македонска революционна организация, София, 1992, стр. 181.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Грчиште Категорија:Македонски војводи