Јуроајс Класик (порано ХЕВ Класик и Ватенфал Класик) — годишна еднодневна професионална и аматерска велосипедска трка во и околу Хамбург. Иако рутата на трката се менува, сепак секогаш нејзината должина е околу 250 километри. Во текот на трката најтешко искачување претставува ридот Вазеберг во Бланкенезе, кој се искачува неколкупати пред крајот на трката.

Трката претставувала единствен настан одржуван во Германија вклучен во календарот на Светската турнеја. Се организира од Упсолут Спортс АГ, германска подружница на француската медиумска групација „Лажардер“ (Lagardère), која исто така го организира годишниот Велотон Берлин.

Важен дел од Класикот се трките Једерман (Jedermannrennen), аматерски настан, кој се одржува на истиот ден и на истата рута како професионална трка. Секој (jedermann) може да учествува на овие трки во должина од 55 км, 100 км и 155 км. Меѓутоа, бројот на учесниците е ограничен на 22.000 аматери и картата мора да биде резервирана со месеци однапред.

Историја ХЕВ Класик

мини|лево|Завршница на десеттото издание во 2005 година, освоено од Италијанецот Филипо Поцато.

Трката била создадена во 1996 година со категорија 1.5, најниска класификација во професионалните трки. Првото издание било и најкратко во историјата, само 160 километри, освоено од Италијанецот Росано Брази. Хамбуршкото електростопанство (ХЕВ) бил главен спонзор на трката. Во 1997 година, Јан Улрих го освоил второто издание помеѓу бројните обожаватели, две недели по освојувањето на Тур де Франс и трката набрзина стекнала углед.

Со растот на популарноста на велосипедизмот во Германија во 1990-тите години, трката станала дел од Светскиот друмски куп во 1998 година, десетте најпрестижни еднодневни трки во велосипедизмот. Го заменила Винкантонскиот класик, единствениот британски велосипедски класик, како седма трка во Светскиот куп. Холанѓанецот Леон ван Бон го претекнал Микеле Бартоли за победа на третото издание; растојанието се зголемило на 253 километри.

Ерик Цабел бил вториот германски победник на ХЕВ Класик во 2001 година. Во 2002 година, белгискиот специјалист за класици Јохан Музеув ја освоил единаесеттата и последна трка во Светскиот куп, водејќи во спринт од група на десеторица.

Ватенфал Класик

Во 2002 година, спонзорот на трката HEW биле преземен од шведскиот конгломерат за електрична енергија Ватенфал и бил преименуван како „Ватенфал Европа Хамбург“. Ватенфал, шведски за „водопад“, станал новиот спонзор на трката во 2006 година. Во 2005 година, трката била вклучена во воведното издание на ProTour UCI, наследник на Светскиот друмски куп. По исчезнувањето на Трката околу Германија во 2009 година, останала единствена германска трка во највисокото ниво на светскиот велосипедизам. Од 2011 година претставува една од 24. трки на Светската турнеја. Во 2012 година, UCI ја продолжила лиценцата на трката до 2016 година.

мини|десно|Андре Грајпел (во црвено) во текот на Ватенфал Класик 2015.

Поради нејзиниот главно рамен терен, патеката е сметана за трка на спринтерите и завршувала во масовни спринтови од 2004 година. Некои од најдобрите спринтери во нивната генерација, вклучувајќи ги Роби Мекјуан, Оскар Фреир, Александер Кристоф и Андре Грајпел, се меѓу победниците на трката. Американскиот спринтер Тајлер Фарар, победник во 2009 и 2010 година, е единствениот возач кој ја освоил трката двапати.

Трката во 2013 година била обележана со низа протести неповрзани со трката. Жителите на Хамбург биле вознемирени од политиката на заштита на околината на Ватенфал и неговите обиди да ја добие сопственоста на локалната електрична мрежа. Во 2015 година било објавено дека Ватенфал нема да го продолжи партнерството со трката, приморувајќи ги организаторите да бараат нов спонзор за обезбедување на проценетите 800.000 евра, третина од буџетот на трката. Поради тоа, трката ќе биде преименувана во 2016 година.

Јуроајс Класик

Во 2015 година било објавено дека Ватенфал нема да го продолжи партнерството со Хамбург Класик, принудувајќи ги организаторите да најдат нов спонзор кој ќе обезбеди околу 800.000 евра, третина од буџетот на трката. Од 2016 година, Јуроајс, големо германско претпријатие за ласерско лекување на очи, е новиот спонзор. Австралискиот спринтер Кејлеб Јуан ја освоил трката откога првичниот победник, Насер Буани, бил отстранет.

Рута

мини|десно|275п|Рута на Ватенфал Класик 2011.

Трката вообичано започнува на улицата Штајнштрасе во Хамбург-Алтштат и завршува на Менкебергштрасе, најважната шопинг улица во Хамбург. Растојание се движе од 225 до 255 километри на претежно рамен терен. Рутата на трката претрпува одредени промени секоја година, но завршницата останала иста.

мини|лево|Том Бонен и Фабијан Вегман се искачуваат на ридот Вазеберг во 2007 година.

Најзначајно искачување на патеката е ридот Вазеберг во Бланкенезе, четврт на Алтона, западно од центарот на Хамбург. Завршницата на трката се состои од три помали кругови западно од Хамбург, вклучувајќи го Вазеберг. Првпат се искачува на 69 километри пред целта, додека второто и третото искачување се на 28 и на 15,5 километри, соодветно.

Вазеберг е стрмно асфалтирано искачување кое се издигнува од северниот брег на реката Елба во центарот на Бланкенезе. Неговата должина е 700 метри со максимален наклон од 16%. Особено е предизвикувачки што веднаш по искачувањето следи остра кривина, предизвикувајќи нагла промена на брзина и каденца. Повеќето екипи се обидуваат да ги истуркаат нивните водачи напред во групата, така што фуриозно водат на тесните патишта до подножјето на искачувањето. Рутата исто така го вклучува Келбрандскиот мост, највисокиот мост во Хамбург.

Од 2005 до 2014 година, првата половина на трката се состоела од јужниот дел во насока кон Линебуршкиот голет во Долна Саксонија, пред да се врати во центарот на Хамбург и да го отпочне западниот дел.

Во 2015 година, организаторите ја променила рутата во чест на прославата на дваесетгодишнината на трката. Трката започнала во Кил, 90 километри северно од Хамбург, на западниот брег на Балтичкото Море, пред да се упати југозападно кон Хамбург, поминувајќи низ Шлезвиг-Холштајн. Вкупното растојание било скратено на 222 километри, но завршниот пристап во Хамбург, со трите искачувања на Вазеберг и завршницата на Менкебергштрасе останале исти. Рутата од Кил до Хамбург била исто така одбрана со цел да ја промовира заедничката кандидатура на обата града за Летните олимписки игри 2024.

Директорот на трката Роланд Хофер изјавил: „Иако профилот на трката можеби изгледа поподобен за спринтери, може на крајот да биде освоена од сите видови на возачи и е точно онаков вид на трка како што е потребна за настан од Светската турнеја [...] Светската турнеја доаѓа во Германија во средината на „ренесансата“ на германскиот велосипедизам, со последните успеси кои ги подмладуваат интересот во земјата за спортот по падот во минатото“.

Победници

мини|десно|Главната група на Гросер Бурста во Стариот град на Хамбург во текот на трката. мини|десно|Главната група поминува низ Хамбург во 2015 година. мини|десно|Марк Кевендиш ја води главната група. мини|десно|Главната група на почетокот на трката.

+HEW КласикГодинаПобедникЕкипа 1996 Росано Брази Полти 1997 Јан Улрих Тим Телеком 1998 Леон ван Бон Рабобанк 1999 Мирко Челестино Полти 2000 Габриеле Мисалја Лампре 2001 Ерик Цабел Тим Телеком 2002 Јохан Музеув Домо-Фарм Фритес 2003 Паоло Бетини 2004 Стјуарт О’Грејди 2005 Филипо Поцато +Ватенфал КласикГодинаПобедникЕкипа 2006 Оскар Фреир 2007 Алесандро Балан 2008 Роби Мекјуан 2009 Тајлер Фарар 2010 Тајлер Фарар 2011 Едвалд Боасон Хаген 2012 Арно Демар 2013 Џон Дегенколб 2014 Александер Кристоф 2015 Андре Грајпел +Јуроајс КласикГодинаПобедникЕкипа 2016 Кејлеб Јуан 2017 Елија Вивијани 2018 Елија Вивијани 2019 Елија Вивијани

Повеќекратни победници

Победи Велосипедист Изданија <center> 3 2017 + 2018 + 2019 <center> 2 2009 + 2010

Победи по држава

Победи Држава 9 4 3 2 1

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Велосипедски трки во Германија Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Светска турнеја на UCI