Лепопелци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Кочанското Поле, а во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 25 километри.
До селото води асфалтен пат, кој започнува од селото Ново Селани, каде во близина се наоѓа регионалниот пат 2342.
Историја
Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Грамади недалеку од селото.
Стопанство
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 308 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 44 хектари, додека шумско земјиште нема.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лепопелци живееле 140 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лепопелци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Власи.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 други жители (веројатно Македонци) и 25 до 50 Власи.
Селото е мало, во фаза на раселување, па така во 1961 година броело 156 жители, од кои 22 биле Турци, 21 Македонец и 113 жители неопределени. Во 1994 година имало само 18 жители, од кои 17 биле Власи, а 1 жител Македонец.
Според пописот од 2002 година, селото имало 17 жители, од кои 8 Македонци и 9 Власи.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лепопелци:
Година Македонци Турци Роми Власи Вкупно1948——————135195323121210013819612122——1130156197116185—67088198110002700371991170000017199410017001820028009001720210000055 * Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Лепопелци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Лепопелци, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Ново Селани, Соколарци и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0878 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница на селото Ново Селани.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 53 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Грамади — населба од доцноантичко време.
Поврзано Општина Чешиново-Облешево Кочанска Котлина
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Чешиново-Облешево