Костин Дол — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во маалото Вила Орница

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Кочани, на падините на Осоговските Планини, меѓу теченијата на Бела и Црна Река. Селото е планинско и од разбиен тип, чии куќи се издигаат на надморска височина од 840 до 1.100 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 18 километри.

Историја

Во Првата балканска војна, 1 лице од Костин Дол било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 853.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 5,9 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 191 хектар, на пасиштата отпаѓаат 150 хектари, додека на обработливото земјиште 124 хектари.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костин Дол живееле 300 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Костин Дол имало 304 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Костин Дол е мало село во фаза на раселување. Тоа во 1961 година броело 161 жител, а во 1994 година 17 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото имало 20 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Општествени установи

Месна заедница

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Костин Дол било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Оризари.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Полаки, во која покрај селото Костин Дол се наоѓале селата Вранинци, Главовица, Горно Гратче, Долно Гратче, Јастребник, Небојани, Ново Село, Полаки, Припор, Речани и Црвена Нива. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Костин Дол, во која влегувале селата Главовица, Костин Дол, Небојани, Ново Село и Речани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0895 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Со ова избирачко место е опфатено и селото Ново Село.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната манастирската црква „Св. Симеон Столпник“

Цркви Црква „Св. Симеон Столпник“ — манастирска црква.

Манастири Костиндолски манастир — манастир од век

Реки Бела Река — тече низ некои од маалата на селото; Црна Река — тече низ некои од маалата на селото.

Споменик на културата Стопанска целина, стопански објекти на воден погон (валавици)Валавиците – сеќавање на едно време . Општина Кочани. 26 март 2018.

Галерија

Поврзано Општина Кочани Осоговија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Кочани