Црник — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во северниот дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.

Атарот е голем, кој зафаќа простор од 33 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.043 хектари, а на шумите 851 хектар.

Историја

Во век, Црник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црник имало 1.600 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 100 Турци.

Црник во 1961 година имало 978 жители, од кои 520 биле Турци, 332 Македонци и 13 жители Срби. Во 1994 година бројот малку се намалил, поточно на 752 жители, од кои 331 Турчин, 231 Ром и 188 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Црник живееле 707 жители, од кои 103 Македонци, 326 Турци, 267 Роми, 4 Срби и 7 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 51 Македонец, 248 Турци, 224 Роми, 3 Срби, 1 останат и 44 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е прикажано движењето на вкупното население и етничка припадност во Црник:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС .

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Вкупно 1948 — — — — — — — 1.107 1953 353 0 775 52 4 43 — 1.227 1961 332 0 520 — 13 113 — 978 1971 510 0 387 8 2 39 — 946 1981 284 0 386 239 0 18 — 927 1991 207 0 362 289 1 10 — 869 1994 188 1 331 231 0 1 — 752 2002 103 0 326 267 4 7 — 707 2021 51 0 248 224 3 1 44 571

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години. Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонско-муслимански (Читаци) родови: Староседелци: Чорбарци (1 к.), Цинговци (2 к.), Метковци (8 к.), Пиловци (7 к.), Јабокаровци (1 к.), Ошавовци или Черековци (2 к.), Муневци (2 к.), Шикаловци (4 к.), Емировци (2 к.), Смриковци (2 к.), Касаповци (5 к.), Дрклевци или Грутковци (12 к.), Маќевци (4 к.), Белимемовци или Амбовци (8 к.), Џитанци (4 к.), Туглијовци (1 к.), Мешковци или Тртевци (3 к.), Шамкаровци (3 к.), Цимерци (3 к.), Рамчовци (1 к.), Чепенковци (4 к.), Делимедовци (2 к.), Окаровци (1 к.), Ампалаковци (1 к.), Топузовци (5 к.), Муневци (1 к.), Кампелезовци (2 к.), Кантуровци (4 к.), Фетаовци (3 к.), Дестановци (1 к.), Нетепаровци (1 к.), Бакардановци (3 к.), Танки Суљовци (1 к.), Латовци (2 к.), Со непознато потекло: Арнаутовци (6 к.) Доселеници: Панчаровци (7 к.) доселени се во 1878 година од селото Панчарево; Џеваировци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Стар Истевник; Ајдиновци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Град. Ромски родови: Со непознато потекло: Зуламовци (5 к.), Абалијовци (4 к.), Ридарци (5 к.), Љумбевци (1 к.), Јочевци (7 к.) и Ламовци (2 к.) Македонски родови: Доселеници: Кураијовци или Гоцевци (6 к.) доселени се во 1914 година од селото Панчарево; Стојановци (3 к.) и Пандуровци (10 к.) доселени се во 1914 година од селото Дебочица кај Благоевград во Пиринска Македонија, денес Бугарија; Вачковци (2 к.) доселени се во 1915 година од селото Габрово; Бакрданци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Митрашинци кај Берово; Газиновци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Митрашинци; Патревци (1 к.) од Митрашинци; Ристовци (4 к.) доселени се од селото Селник; Димитровци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Киселица; Дојчиновци (1 к.) од некое блиско село; Радуловци (6 к.) од некое блиско село; Саревци (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Ратево кај Берово. Уште подалечно потекло од околината на Радомир во Бугарија; Павлевци (1 к.) доселени се од селото Будинарци кај Берово; Митревци (1 к.) доселени се од селото Радовница во Горна Пчиња; Крамарци (3 к.) доселени се во 1938 година од селото Робово; Попчевци (1 к.) доселени се од селото Панчарево; Бојчовци (1 к.) доселени се во 1942 година од Пехчево; Ковачевци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Железница кај Благоевград; Пејовци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Горно Јеловце во Полог. Српски родови: Доселеници: Видановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Јеловик кај Књажевац во Србија; Ристиќи (1 к.) и Михаиловиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од околината на Врање; Неделковиќи (2 к.) доселени се во 1934 година од селото Панчарево, а таму од околината на Ужице.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште „Ванчо Китанов“

Основно училиште „Ванчо Китанов“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево. Градинка Дом на културата

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Црник, во која единствено село било Црник.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Црник се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Петка“

Во селото постои избирачко место бр. 0024 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 632 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 599 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Орниче — некропола и могили од римско време

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква

Џамии Џамија — главна селска џамија

Реки Црничка Река — мала река

Природни реткости Мелови — геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Пехчевски села Категорија:Села во Општина Пехчево