Крилатица — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

Историја Во XIX век селото било дел од Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крилатица живееле 364 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крилатица имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 141 жител, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 56 Македонци и 3 лица без податоци.

Родови

Крилатица е македонско село.

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:

Староседелци: Величковци (6 к.), Атанасковци (4 к.) и Тодоровци (4 к.) Доселеници: Јанковци (10 к.) доселени се од селото Герман; Лазици (11 к.) доселени се од селото Трновац; Мишинци (13 к.) доселени се од селото Шопско Рударе; Куковци (10 к.) доселени се од местото Здравци Камен кај кратовското село Шлегово. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 56 г. во 1975 година) Тодос-Јован-Спасо-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Мулинци (4 к.) доселени се однекаде.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Личности родени во Крилатица:

Киро Митевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Ѓоре Спасовски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Култура и спорт

Иселеништво Иселеници има во Скопје, Кратово, Куманово и на други места. Населението исто така се иселувало и во Германија. Родот Маџо се иселил во селото Малино. Игњатовци и Јосевци се иселени во селото Орел.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово