За селото во Бургаската област, погл. Страцин (Бугарија).

Страцин — село во Општина Кратово, во областа Средорек, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Средорек, во крајниот североисточен дел на Општина Кратово. Еден дел од населбата се наоѓа на патото Куманово - Кратово. Селото е ридско и планинско, односно раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 900 метри. Оддалечено е 19 километри северозападно од Кратово, 28 километри западно од Крива Паланка и 31 километар источно од Куманово.

Историја Страцин е населен уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште кај маалото Поповци.

Во XIX век селото било дел од Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Страцин живееле 950 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Страцин имало 1.000 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Роми.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.100 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Страцин живеат 185 жители, од кои 182 Македонци и 3 Срби.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 125 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 3 лица без податоци.

Страцин во 1970-тите години доживува драстично намалување на населението, така што за разлика од пописот во 1971, во наредната 1981, регистрирани се за 53 % од населението помалку или разлика за 561 жител.

Општествени установи мини|Зградата на училиштето „Христијан Тодоровски - Карпош“|левомини|Зградата на затвореното училиштеВо селото се наоѓа Основното училишта „Христијан Тодоровски - Карпош“. Порано во селото, било во функција друго oсновно училиште. Потоа училиште било затворено.

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости мини|десно|Црквата „Св. Димитриј“.

Споменици Во декември 1997 година, во селото бил подигнат споменик за загинатите борци на НОБ од периодот 1941-1945 година односно за време на Втората светска војна, каде се наведени сите партизани што се по потекло од Страцин и градот Куманово, Кумановско и Кривопаланечко.

Цркви Црква „Св. Димитриј“ од 1847 г.

Археолошки наоѓалишта Вражиград — градиште од доцноантичко време Градиште — градиште од железното време Чука — некропола-могила од римско време

Редовни настани

Личности мини|Пренос на моштите на македонските партизани загинати кај Страцин. мини|Споменикот на загинатите борциЛичности родени во Страцин:

Спирко Бојковски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година. Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан на 11 септември 1943 година. Стојчо Ивановски (1919-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Илија Јованов (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Љубе Крстев (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Ратко Серафимовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Личности загинати во Страцин:

Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година. Богдан Димитров Трајановски — роден 1889 година во Страцин, стрелан од Бугарите 11 септември 1943 година. Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година. Ѓошо Цветанов (Цветков) — роден 1900 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година. Воја Алексовски од Куманово Киро Антевски од Куманово Петар Василевски од Куманово Јордан Карамарковски од Куманово Александар Маневски од Куманово Војо Алексиќ од Куманово Воислав Стојановски од Куманово Благоја Трендевски од Куманово Воислав Митровски од Куманово Будимир Димковски од Куманово Градимир Филиповиќ од Куманово Драгољуб Филиповиќ од Куманово Трајан Нашевски од Куманово Славко Филиповски од Челопек, Кумановско Војо Алексиќ од Никуљане, Кумановско Раде Антиќ од Никуљане, Кумановско Милан Арсовски од Стрновац, Кумановско Геле Божиновски од Младо Нагоричане, Кумановско Славко Вељковиќ од Младо Нагоричане, Кумановско Трајко Додевски од Бедиње, Кумановско Ѓорѓи Додевски од К’шање, Кумановско Ефрем Георгиевиќ од Четирце, Кумановско Денко Каранфиловски од Дренок, Кумановско Цветко Лазаревски од Стрезовце, Кумановско Благоја Петковски од Пелинце, Кумановско Милорад Петровиќ од Бедиње, Кумановско Владо Додевски од Пелинце, Кумановско Андон Стојчевски од Црцорија, Кривопаланечко Стојман Пешевски од Габер, Кривопаланечко

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано Страцин (Бугарија)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово