Каврак — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Селото сместено високо во Осоговските Планини

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.360 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 14 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 29271 (целосно асфалтиран), кој се двои од регионалниот пат 2232 во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.

Селото се наоѓа на падините на Осоговските Планини, оддалечено 25 километри североисточно од Кратово.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 363 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 220 хектари, а на пасиштата 127 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каврак живееле 135 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Каврак имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Каврак е мало село, коешто во 1961 година броело 223 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 71 жител, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Каврак живееле 62 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Македонци.

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Каврак било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0905 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна манастирска црква

Манастири Каврачки манастир — нов манастир

Параклиси Параклис „Св. Илија“ — мал параклис во близина на црквата

Галерија

Поврзано Општина Кратово Кратово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово