Алберто Аквилани (италијански: Alberto Aquilani, роден на во Рим) — поранешен италијански фудбалер кој за последно настапувал за шпанскиот клуб ФК Лас Палмас.
Својата кариера ја започнал во младинскиот тим на Рома, за да во 2002 потпише повеќегодишен договор. Во Серија А дебитирал на 10 мај 2003 против Торино. Во сезоната 2003–2004 бил даден на позајмица во Триестина.
Во 2009 година, Аквилани потпишал за англискиот премиерлигаш Ливерпул за сума од 20.000.000 евра. По една сезона помината во Ливерпул, бил даден на позајмица во Јувентус во 2010 година, а во сезоната 2011-2012 бил даден повторно на позајмица во Милан.
Аквилани бил член на сите младешки репрезентации на Италија. За првиот тим дебитирал во 2006 година против Турција.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ФК Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Лас Палмас Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига