250px|thumb|right| Спомен - собата на А. ден Долард во рамките на КИЦ „Култура 365“
„Култура 365“ (лат. Cultura 365) е културен и информативен центар во Охрид, основан според идеите и со активното учество на охридскиот писател и фотограф Мишо Јузмески. За кратко време центарот станува културно култно место во кое навраќаат љубители на уметноста и културни дејци од целиот свет. Воден од начелото „култура за сите секој ден“, центарот работи секој ден и така тој е единствената културна институција во Охрид која е отворена секој ден.
Културно-информативниот центар „Култура 365“ со работа започнува на 19 јуни 2011 година, а првиот културен настан е отворањето на спомен - собата за холандскиот писател и новинар А. ден Долард. Во КИЦ „Култура 365“ се одржуваат разни културни настани преку кои се промовираат уметници и други дејци од областа на културата.
КИЦ „Култура 365“ има две изложбени простории: Спомен соба (постојана изложба) за А. ден Долард Уметничка галерија за изложување на фотографии и други дела од разни автори
Основни дејности на КИЦ „Култура 365“ се: промоција на уметнички дела (книги, фотографии, слики и сл.) информации за туристите од областа на културното наследство и културните настани предавања за културното наследство и други теми од областа на културата
Настани 19 јуни 2011: Отворена е спомен - собата на холандскиот писател и новинар А. ден Долард. Изложени се книги, фотографии и други информации преку кои се претставуваат животот и делото на писателотИзложба за А. ден Долард во Охрид. 26 јуни 2011: Изложба на фотографии и книги од Мишо Јузмески. 28 јуни 2011: Комеморативна вечер за фотографот Атанас Талевски, при што неговите пријатели и познаници зборуваат за животот и делото на уметникот, а претставени се и негови фотографииКомеморативна вечер во спомен на охридскиот фотограф Атанас Талески. 12 јули 2011: Претставување на книгата „Рани спомени“ од новинарот Веле МитаноскиПромовирана книгата “Рани спомени” од новинарот Веле Митаноски. 7 ноември 2011: Изложба на карикатури на тема „Соочување со климата“ на автори од Шведска и балканските земји Изложба на карикатури - реален приказ на модерното време. 10 ноември 2012: Изложба на фотографии од Атанас Талевски Фотографиите на Атанас Талевски изложени во КИЦ „Култура 365“ 19 декември 2012: Изложба на Никола Павлески Изложба на Никола Павлески во „Култура 365“ 9 јануари 2013: Средба со творештвото на Иван Точко Средба со Иван Точко 26 јануари 2013: Изложба на Славица Панова Голем интерес на стружани и охриѓани за фотографиите на Панова 7 февруари: Одбележување на роденденот на А. ден Долард 15 февруари 2013 Изложба на Јасна ХристовскаИзложба на фотографии од охриѓанката Јасна Христовска 23 февруари 2013: Средба со творештвото на Борис Бојаџиски 9 март 2013: Средба со творештвото на Радослав ПетковскиОхриѓани се запознаа со творештвото на Радослав Петковски 16 март 2013: Изложба на Катерина МавровскаИзложба на Катерина Мавровска
Извори
Категорија:Култура на Охрид