мини|Пајажината на Климентина корица на книгата Пајажината на Шарлота (англиски: Charlotte's Web) — роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1952 година.

Содржина Книгата се состои од 22 глави:Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004. Пред појадок Цанко Бегство Осаменост Климентина Лето Лоши вести Разговор дома Фалба за Цанко Експлозија Чудо Средба Добар напредок Доктор Благој Штурците На панаѓурот Кирко По ладот Кожурок Конечен триумф Последниот ден Топол ветар

Изданија на македонски јазик Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, во рамките на библиотеката Лектирни изданија. Во македонскиот превод, оригиналниот наслов е променет во „Пајажината на Климентина“, а исто така, прасето Вилбур е наречено Цанко. Преводот на македонски јазик е дело на Драги Михајловски, автор на илустрациите е Димче Исаиловски, лектурата и коректурата ги извршил Катерина Ноневска, дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, а книгата била испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово. Книгата, со обем од 133 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-684-2.Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004.

Наводи

Категорија:Романи за деца Категорија:Изданија на Просветно дело Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Дела на Елвин Б. Вајт Категорија:Американски романи Категорија:Книги од 1952 година