Гујновци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци и на Општина Чешиново-Облешево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 335 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 13,2 километри.
До селото поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Историја
Подрачјето на Гујновци е населено уште од старохристијанско време, за што сведочи наоѓалиштето Црквиште во неговата околина.
Стопанство
мини|300п|десно|Стопански објект во Гујновци
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 531,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 118,9 хектари, а на шумите само 10,4 хектари.
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гујновци живееле 72 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гујновци имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Гујновци е мало село и е на пат да се расели. Во 1961 година селото броело 128 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Гујновци живееле 33 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 12 Македонци и 2 лица без податоци.
Родови
Гујновци е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелци: Ташуровци (5 к.) и Сејменци (3 к.). Доселеници: Марковци (2 к.) доселени се од селото Пуздерци, а таму биле доселени од селото Гиновци кај Крива Паланка; Павловци (2 к.), доселени се од селото Гајранци; Дедо-Димитрија (1 к.), доселени се од селото Зарапинци; Јованчевци (2 к.), доселени се од селото Трооло; Иванчевци (2 к.), доселени се од селото Пестришино; Ефремовци (1 к.), Зафировци (1 к.) и Пацак (1 к.), сите потекнуваат од домазети. Првите се од селото Арбасанци во Овче Поле, вторите од Шлегово кај Кратово, а третите од Ратавица.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Гујновци било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гујновци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1551 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Црквиште — населба, некропола и црква од старохристијанскo време и среден век.
Споменици Спомен-плоча посветена на Б.Стоилков Серафимовски
Поврзано Општина Пробиштип Пробиштип
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Пробиштипски села Категорија:Села во Општина Пробиштип