мини|Влечење со јаже е лесна импровизирана игра за која е потребна малку опрема

Игрите се рекреативни активности што вклучуваат еден или повеќе играчи. Една игра може да се дефинира според:

А. целта што играчите се обидуваат да ја постигнат Б. одреден сет на правила што одлучуваат што играчите можат а што не можат да прават.

Игрите постојат главно за забава и уживање, но исто така тие можат да имаат и образовна или симулативна улога. Во тој поглед, во својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски ја дефинира играта како „уметност, во никулец, потреба за уметност уште во зачеток, во младата душа“.Фјодор М. Достојевски, Браћа Карамазови. Београд: Просвета, 1956, стр. 575.

Игрите можат да вклучуваат еден играч што дејствува сам или два или повеќе играчи што дејствуваат соработнички. Повеќето вклучуваат натпревар меѓу два или повеќе играчи. Преземајќи дејство што спаѓа надвор од правилата општо земено претставува фаул или мамење.

Типови на игри

Игри на табла Бизнис игри Игри со карти Казино игри Список на традиционални детски игри Компјутерски и видеоигри Семрежни игри Пијачки игри Образовни игри Економски игри Игри на среќа Стратешки игри Математички игри Политички игри Загатки Квиз

Играта како тема во уметноста и во популарната култура Играта како тема во книжевноста „Го“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 86-87. „Децата и игрите“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 14. „Пролетна игра на дете“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 16. „Игра“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 117. „Детски игри“ (српски: Дечје игре) - кус расказ на Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 157. „Вовед во игри“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 87-88. „Лист, камен, ножички“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 годинаСања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 10. „Вртимушка“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 годинаСања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 11. „Клацкалка“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 годинаСања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 15. „Игра“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.„Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 45-48. „Игри“ (српски: Игре) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од 1954 година.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 43-55. „Вртелешка“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 77. „Игра“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 10. „Играта на господинот Когито“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 138-141. „Игри без граници“ — краток расказ на македонскиот писател Иван Шопов.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 326.

Играта како тема во музиката „Игри без граници“ (англиски: Games without frontiers) — песна на британскиот поп-рок музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1980 година.YouTube, Games Without Frontiers - Peter Gabriel (пристапено на 22.9.2017) „Злобни игри“ (англиски: Vicious Games) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1985 година.Discogs, Yello – Stella (пристапено на 4.6.2021) „Игри“ (српски: Игре) — циклус за баритон и гудачи на српскиот композитор Милко Келемен од 1958 година.Васко Попа, Непочин-поље. Београд: Просвета, 1963, стр. 98. „Игри во затворено“ (англиски: Indoor Games) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.King Crimson – Lizard (пристапено на 27.1.2023) „Компјутерски игри“ (англиски: Computer Games) — песна од истоимениот албум на американскиот фанк-музичар Џорџ Клинтон (George Clinton) од 1982 година.YouTube, George Clinton - Computer Games - 04 - Computer Games (пристапено на 29.9.2017) „Дикиевата игра“ (српски: Дикијева игра) — песна на македонската рок група Леб и сол од 1978 година.Discogs, Leb I Sol ‎– Leb I Sol 2 (пристапено на 8.1.2021) „Игри“ (англиски: Games) — песна на американската хард-кор група Минитмен Minutemen од 1981 година.Minutemen – The Punch Line (пристапено на 9.4.2023) „Леб и игри“ (словенечки: Kruha in igar) — песна на словенечката панк-рок група Панкрти.Novi val osamdesetih, City records, CD 000 395, 2005. „Леб и игри“ (српски: Хлеба и игара) — песна на српската рок-група Рибља чорба од 1985 година.Discogs, Riblja Čorba – Istina (пристапено на 16.10.2021) „Апсолутна игра“ (англиски: The Absolute Game) — музички албум на шкотската рок-група Скидс (Skids) од 1980 година.Skids – The Absolute Game (пристапено на 20.1.2024) „Игри“ (англиски: Games) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.Discogs, Hüsker Dü ‎– Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)

Поврзано Список на производители на игри Список на теми на игри Семантика на игри

Наводи