Шведска академија () — една од кралските академии во Шведска, одговорна за јазикот и книжевноста. Сместена е во зградата позната како „Стокхолмска берза“.
Историја
Академијата е основана во 1786 г. со повелба на кралот Густав III. Заснована е на Француската академија и брои 18 члена. Нејзиното гесло гласи „Дарба и вкус“ (Snille och Smak). Главна задача на академијата е да ја зачува „чистотата, силата и возвишеноста на шведскиот јазик“ "Svenska Språkets renhet, styrka och höghet" (Walshe, 1965). За таа цел академијата издава два речника.Шведска академија - Голем норвешки лексикон
Првиот е еднотомен речник наречен „Поимик на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordlista, SAOL). Вториот е повеќетомен речник, чие уредување се врши во духот на Оксфордскиот речник, и го носи насловот „Речник на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordbok, SAOB). „Поимникот“ е веќе во XIII издание, а „Речникот“ постојано се издава од 1898 г. наваму.
Почнувајќи од 1901 г. академијата ја доделува Нобеловата награда за литература, во спомен на нејзиниот покровител Алфред Нобел. Покрај ова, установата ја доделува и Доблоуговата награда за шведска и норвешка белетристика.Доблоугова награда - Шведска академија Доблоугова награда - Голем норвешки лексикон
Тековни членови
Моментален постојан секретар на академијата е Петер Енглунд. Членовите се наведени по број на место (седиште):
МестоЧленРод.Избр.Белешки1. Лота Лотас 19642009 2. Бу Ралф194519993. Стуре Ален19281980постојан секретар од 1986 до 19994. Андерс Олсон 194920085. Јеран Малмквист192419856. Томас Ријад 1959 2011 активен од 20 декември 20117. Кнут Анлунд19231983неактивен8. Јеспер Свенбро194420069. Торгни Линдгрен1938199110. Петер Енглунд19572002тековен постојан секретар 2009-11. Улф Линде1929197712. Пер Вестберг1933199713. Гунел Валквист1918198214. Кристина Лугн1948200615. Керстин Екман19331978неактивна16. Шел Еспмарк1930198117. Хурасе Енгдал19481997постојан секретар од 1999 до 200918. Катарина Фростенсон19531992
Поврзано Нобелова награда за литература Доблоугова награда Кралски академии во Шведска Членови на Шведската академија (сегашни и минати)
Наводи
Литература Walshe, Maurice O'Connell (1965). "Introduction to the Scandinavian Languages", Andre Deutsch Ltd., I изд, стр. 57
Надворешни врски Шведска академија
Академија, Шведска Академија, Шведска Академија, Шведска Академија, Шведска Категорија:Национални академии