Борово — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Потекло на името

Името на селото се верува дека потекнува од зимзеленото дрво бор и со додавање на -ово или како придавно име од бор со значење на „борово место, место покриено со борје“.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на околината на селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во јужниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, на северните падини на Осогово, каде што се допира со подрачјето на Општина Кратово. Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 920 до 1.080 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 14 километри.

Селото се наоѓа на Осоговските Планини, во пространото изворишно подрачје на Мождивњачка Река. Просечната надморска височина на која е сместено селото е 1000 метри. Околни села се: Конопница на север и Мождивњак на запад.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кошарци, Вирови, Оро-игриште, Ѓубриште, Краиште, Дабје, Колосек, Селиште и други.

Селото има разбиен тип. Се разликуваат четири маала: Борово, Колосек, Кошари и Ново Село.

Селото Борово се наоѓа југозападно од градот Крива Паланка. Јужно од селото се наоѓа Општина Кратово, источно е селото Конопница и Дренак, северно е Конопница, а западно е Мождивњак.

Историја

Народната традиција наведува дека денешното село е основано во средината на век, кога била создадена постојана населба. Претходно, месноста била користена само за летна испаша на стоката. Тоа се огледува и во именувањето на маало Кошарци.

Во поново време, селото е зафатено со големо иселување. Развиеното сточарство во минатото веќе е целосно замрено.

Во век, Борово било село во Кривопаланечка Каза на Отоманското Царство.

Во месноста Ѓубриште во септември 1944 година, народноослободителните единици разоружале полк на бугарската војска. На тоа место изградена е спомен-чешма.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 479,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 191,4 хектари, а на пасиштата само 16,7 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Борово имало 140 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Борово имало 96 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.

По Првата светска војна селото било дел од општина Мождивњак и имало 130 жители.Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Во 1961 година, селото броело 313 жители, а во 1994 година се намалило на 111 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Борово живееле 87 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, од кои 14 Македонци и 7 лица без податоци.

Родови

Борово е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Првите доселеници дошле во средината на век, но местото на старина е заборавено. Куќите на секој род се наоѓаат во посебно маало.

Родови во Борово се: Новоселци (12 к.), Боровци (12 к.), Кололевци (11 к.) и Кошарци (5 к.).

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Староседелци: Беќарци (8 к.) се делат на Деа Станковци и Павлевци. Кошарци (4 к.) се делат на Додевци и Јанковци. Калинци (2 к.). Патлиџанка или Црн Додевци (2 к.). Со непознато потекло: Башибозук или Анѓеловци (1 к.), Игриш (1 к.), Кампевци или Стевановци (2 к.) и Дудијци (2 к.) Доселеници: Јазека (1 к.) доселени се малку после 1880 година од некое село во околината на Кратово; Ѓошовци со Колевци (4 к.) доселени се околу 1865 година од некое село во околината на Врање во Србија; Станишковци со Дочеви (4 к.) и они се од околината на Врање во Србија; Матеја (1 к.) дојдени се по претходниот род; Ризови (2 к.) доселени се околу 1880 година од околината на Врање во Србија; Насевци со Паневци (4 к.) доселени се околу 1850 година од селото Дурачка Река; Арачијци (2 к.) доселени се пред 1875 година од селото Каврак кај Кратово; Николовци (4 к.) доселени се во 1880 година од селото Крстов Дол; Деа Стаменковци (3 к.) доселени се околу 1890 година од селото Мождивњак; Петревци (4 к.) доселени се исто така од Мождивњак; Ѓошеви (1 к.) доселени се од Мождивњак.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Борово, се наоѓале и селата Баштево, Длабочица, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Длабочица постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0964 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Борово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.

Културни и природни знаменитости

Спомен-чешми Спомен-чешма од НОБ во месноста Ѓубриште

Редовни настани

Ѓурѓовден — главна селска слава со собор во средишното маало Борово На 6 ноември се одржува собир на месноста Ѓубриште кај спомен-чешмата

Иселеништво

Мештаните не се иселувале до крајот на Втората светска војна. Оттогаш се појавило значително иселување, особено на младото население. Иселеници има од скоро сите родови и главно живеат во Крива Паланка и во Скопје. Пет домаќинства од Борово живеат во кочанското село Облешево, покрај Кочани.

Наводи

Поврзано Славиште Општина Крива Паланка Крива Паланка

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Крива Паланка