Балдовенци — целосно раселено село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба Балдовенци се наоѓа во средишниот дел на Општина Новаци и лежи на надморска височина од 690 метри. Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство Атарот зафаќа површина од 10,2 км2.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г Балденци имало 185 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237. На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото Балдоенци имало 136 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Балдоенци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 18 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 170 жители, Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Балдовенци немало жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Балдовенци е потполно раселено село денес, но во минатото во него живееле Македонци христијани. Сите родови во селото биле доселенички.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:

Доселеници: Рамнешковци (10 к.), први селски доселеници, старината непозната; Ордевци (5 к.), доселени се после гореспоменатиот род и тие се со непозната старина; Маријовци (2 к.) и Ричковци (1 к.), доселени се од некое село во областа Мариово; Џивкаровци (1 к.) доселени со непозната старина; Кушовци (1 к.) доселени однекаде; Лазаровци (1 к.) основачот на родот бил домазет, дошол од селото Скочивир околу 1918 година; Митревци (1 к.) доселени се од соседното село Тепавци, после 1918 година, таму припаѓале на родот Бојковци, подалечно потекло од некое село во околината на Корча.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Арбасиновец — населба од железното време;

Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква

Иселеништво Од Балдовенци иселеници има во селото Гнеотино (Јанкуловци, Ванѓел и Лазарови). Од родот Рамнешовци иселеници има во Новаци. Од Кушовци иселеници имало во Битола, каде изумреле.

Иселеништвото било помасовно после 1953 година, денес селото е целосно раселено.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци Категорија:Раселени села во Македонија