мини|320п|Грчкото тројство и распределбата на трите кралства на Земјата: Зевс Бог (Небото), Посејдон (морињата и океаните) и Адот (подземјето). Теос (ситни богови) се деца на ова тројство. мини|200п|Биста на Зевс, најдена во Отриколи
Старогрчка митологија — збирка од митови и легенди на Старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаи и обреди. Сиве овие нешта биле дел од религијата на Стара Грција. Денешните научници со своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во Стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот.
Оваа митологија отелотворува јасност во огромна збирка приказни и безрезервност во реалистични уметности, како сликање на вази и заветни подароци. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространти низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од старогрчката книжевност.
Најстарите познати старогрчки книжевни извори се епските песни Илијада и Одисеја, кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна. Двете поеми од Хесиод, Теогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни, кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат.
Главните извори за деталите од старогрчката митологија се обезбедуваат од археологијата, односно со пронаоѓањето на голем број на декоративни артефакти. Пронајдените геометриски дизајни од керамика, кои потекнуваат од VIII век п.н.е. даваат сцени од тројанскиот период, како и авантурите на Херкул. Една од најосновните одлики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам, односно постоењето на многу богови. Друга одлика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно Старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и одлики.
Извори за старогрчката митологија Книжевни извори thumb|„Прометеј“ (1868) од Гистав Моро Старогрчката митологија имала широко влијание врз културата, уметноста, книжевноста на западната цивилизација и станала дел од западното наследство и јазик. Голем број на уметници од древни времиња до денес, старогрчката митологија им претставува инспирација за нивното творење.
Митовите околу старогрчката митологија, кои денеска се познати, датираат главно од извори од старогрчката книжевност во т.н. геометриски период, односно во 900 п.н.е. и 800 п.н.е. Митските прераскажувања играле голема улога во секој жанр во старогрчката книжевност.
Единственото дело кое успеало да се зачува до денес е книгата Библиотека. Книгата најверојатно била напишана во I или II век п.н.е. Авторството на книгата се препишува на Аполодор, но сепак тоа не е целосно докажано. Целото дело се состоело од четири книги, од кои една била изгубена. Така, првата книга започнува со создавањето на светот, Гигантомахијата и расказот на Девкалион а завршува со походот на Аргонавтите. Втората книга започнува со историјата на богот на реките Инах, подвизите на Херкулес, како и список на неговите синови. Третата книга започнува со историјата на Агенор и критските митови за Главк. Приодот од Тројанската војна се изгубени. Во целина, оваа книга дава големо резиме на народните митски преданија и херојски легенди.R. Hard, The Routledge Handbook of Greek Mythology, 1
Меѓу најраните книжевни извори се двата епоса на Хомер, Илијадата и Одисејата. Се смета дека постоеле голем број на епоси од ова време кои во текот на историјата исчезнале. И покрај своето традиционално име, Хомеровите химни немаат директна врска со Хомер. Хомеровите химни претставуваат хорски химни кои произлегуваат од т.н. Лирскиот периодMiles, Classical Mythology in English Literature, 7.
Хесиод (живеел во околу 700 п.н.е.) се смета дека бил еден од најстарите старогрчки поети кои имале некаков придонес кон создавањето на старогрчките митови. Во минатото, голем број на истражувачи спореле околу тоа кој е постар, Хомер или Хесиод, за да се докаже дека Хомер живеел години пред Хесиод. Хесиод е автор на Теогинија (Потекло на Боговите) и Каталог на жените. Овие записи биле едни од најстарите народни митови, кои се занимаваат со создавање на светот, потеклото на боговите, Титаните и слично. Во Теогинија, тој го претставил создавањето на светот преку Хаосот, Геја (Земјата), Ерос итн. Хесиод исто така ги вклучил и митовите за Прометеј, Пандора итн.
Систематизацијата на старогрчките митови свое потекло води од почетокот на VI век п.н.е. од т.н. логографи, автори на историски дела, најпознати од кои се Ферекид, Акусилај и Тукидид (V век п.н.е.). Овие дела оставиле траги во трагедиите на големата „тројка“ драматурзи-трагичари на класична Атина, Есхил, Софокле и Еврипид, како и во комедиите на Аристофан. Критички и со недоверие кон митологијата се однесувале во преден план Софистите и Ксенофан, во времето на Пелопонеската војна (431 п.н.е. — 404 п.н.е.). Други позначајни лирски поети од ова време се Пиндар, Симонид, Теокрит и Бион. старогрчкиот театар исто така има голема улога во создавањето на митовите.
Други извори за старогрчката митологија се: Делата на историчарите Херодот и Диодор Сицилиски, географите Павсаниј и Страбон, кои патувале по старогрчкиот свет и ги запишувале историите кои се случувале во различни градови Поезијата од елинистичката и римската епоха
Археолошки извори thumb|Вергилиев ракопис thumb|„Илијада“, книга VIII, 245–53, старогрчки ракопис, кон крајот на 5-ти и почетокот на VI век по Христа.
Откривањето на Микенската цивилизација од страна на германскиот аматерски археолог Хајнрих Шлиман во XIX век, и откривањето на Минојската цивилизација на Крит од страна на британскиот археолог Артур Еванс во XX век, помогнало да се објаснат голем број на прашања во врска со Хомеровите епови и голем број на детали кои се поврзани со митолошките богови и јунаци.
Хајнрих Шлиман решил да се посвети целосно кон откривањето на Троја, верувајќи дека Илијада на Хомер не е само мит. Во тоа време, историчарите и археолозите тврдиле дека Троја не постои, а дел од нив се сомневале дури и во Хомер и неговата Илијада. Во 1873 година, тој на бреговите во Мала Азија открил голем комплекс, во 1876 година открил големи гробници во Микена. Шлиман сметал дека предметите не датираат од времето на Тројанската војна, туку од многу порано. Последните спроведени анализи докажале дека раскопувањата на Шлиман на вториот и третиот слој од градот не припаѓаат на времето од Тројанската војна, туку предметите припаѓале на некој цар кој живеел илјада години пред Пријам. Така било докажано дека Троја не била откриена.
Делото на Шлиман делумно било продолжено од страна на англискиот професор Артур Еванс кој во периодот од 1900 до 1913 година го открил замокот Кносос на островот Крит. Еванс ја проучувал Микена, и претпоставувал дека микенската култура води потекло од Крит. По ослободувањето на островот од страна на Отоманското Царство, Еванс започнал со ископувања.
Геометриските дела од керамика, кои биле актуелни во VIII век п.н.е. дале неколку сцени од тројанскиот циклус, како и авантурите на Херкул. Овие визуелни претстави на старогрчките митови се важни од две причини. Првата причина е тоа што многу старогрчки митови биле прикажани на керамички вазни, порано отколку во книжевен вид. Од дванаесетте подвизи на Херкул, само „Кербер“ се случува во книжевен вид.Homer, Iliad, 8. An epic poem about the Battle of Troy. јануари 0134&layout=&loc=8.366 366–369 Освен тоа, голем број на такви визуелни извори не биле прикажани никогаш во книжевен вид. Во архаичниот (околу 750 — 500 п.н.е.), класичниот (480 — 323 п.н.е.), и хеленскиот период (323 — 146 п.н.е.) започнал процесот на почесто книжевно претставување на сцените од старогрчката митологија.
Истражување на митската историја
Грчкото толкување на боговите со текот на времето започнало да се менува, со цел да се приспособи кон културата на еволуцијата. На пример, додека митовите за љубовни врски помеѓу машки богови и машки ликови се појавувиле дури кон средината на архаичниот период, веќе кон последната третина на VII век п.н.е., такви митови станале сè почести. Сите богови, со исклучок на Арес, на крајот се здобивале со свои љубени момчиња, и на тој начин биле правени голем дел од хероите во старогрчката митологија. Еден од најпознатите такви ликови е митот за Херкулес. Пред тоа постоеле митови за љубов помеѓу мажи, како онаа меѓу Ахил и ПатроклеW.A. Percy, Pederasty and Pedagogy in Archaic Greece, 54. Во денешно време овие врски се сметаат само како хомоеротични.
Во V век п.н.е. започнала да се зголемува писменоста помеѓу луѓето, како и развивање на нивната логика. Со ова започнала и кризата во старогрчкото општество. Најголема жртва на таа криза станал Сократ. Од друга страна, неколку радикални филозофи како Ксенофан на пример, од VI век п.н.е. започнале расказите на поетите да ги толкуваат како богохулни лаги. Овој ред на мисли нашле најголем израз во делата „Република“ и „Закони“ на Платон. Во V век п.н.е. трагичарот Еврипид честопати се исмејувал со старите традиции. Еврипид од друга страна пак давал остра критика кон односот на боговите кон човекот.
Скептицизмот во класичниот период бил поизразен во т.н. еленистички период. Митографот Евхемер тврдел дека историите за боговите биле само спомени на збунетите антички цареви. И покрај тоа што делата на Евхемер се изгубени, сепак интерпретацијата на неговиот стил земал замав кај Диодор Сицил.
Рационалното толкување на митовите станале дури повеќе од популарни во времето на Римското Царство, благодарение на материјалните теории на тогашните филозофии. Археологот Варо разликува три вида богови од таа епоха: богови на природата, поетите и градовите.
Ера на Боговите десно|250px|Уран и Геја „Потеклото на митовите“ или „создадените митови“ претставуваат обид за давање на одговорот за создавањето и потеклото на светот.Klatt-Brazouski, Ancient Greek and Roman Mythology, 10 Најприфатлива верзија во тоа време била онаа на Хесиод, во неговата Теогонија. На почетокот на секој мит или вистина во врска со создавањето на универзумот се наоѓал Хаос, кој се појавувал кај Старите Грци, односно добивал облик на божественост. Од Хаосот, на почетокот биле родени Ереб (пеколот) и Ноќта, чии деца пак биле Ајтер (Етар-Воздух) и Хемер (Денот). Од Ноќта биле родени и уште неколку богови, како на пример Таната (Смрт), Хипнос (Сон) и Онејра.
Први богови
Во почетокот на универзумот, Уран (Небо) бил најголем бог. Геја (Земја) имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле создадени првата генерација на богови, од кои биле создадени Титаните. Најпрвин биле создадени Океан и Тетида , Хиперион и Теа, Коеј и Фојба, Креј и Еурибија, Јапет и Климена и Крон и Реја.
Крон и Реја биле предодредени да со своето соединување произлезат идните господари на универзумот, и тоа: Деметра, Хестија, Ад, Посејдон и Зевс. Овие богови подоцна ја поделиле власта и завладеале со светот. Во почетокот, Уран и Геја биле заедно, но подоцна преминале на различни страни. Крон, кој припаѓал на прватата генерација на богови, бил единствениот син на Геја кој ѝ помагал да се освети на својот татко Уран. Откако во една битка го победил, тој не само што му го зазел неговото место, туку и неговите браќа ги однел во Тартар, а Уран го држал во затвореништво. Подоцна, Крон се оженил со својата сестра Реја, но не сакал да преживее ниту едно од неговите деца. Така, од нивниот брак, првите четири деца не преживеале. Кога Реја забременила со Зевс, таа побегнала на островот Крит и во тајност го породила.