Ашерслебен-Штасфурт — поранешен округ во Саксонија-Анхалт, Германија до 2007. Се граничел со (од североисток надесно) окрузите Шенебек, Бернбург, Мансфелдер Ланд, Кведлинбург и Бердекрајс.

Историја

Двата окрузи Ашерслебен и Штасфурт биле споени во 1994, со цел да го формираат новиот округ Ашерслебен-Штасфурт. Како дел од реформата на окрузите од 2007 округот бил распуштен и површината на округот, сега е дел од округот Залцландкрајс, освен градот Фалкенштајн, кој сега е дел од округот Харц.

Географија

Југозападните делови на округо се наоѓаат на ридовите од планините Харц. Оттука, округот продолжува по долината на реката Зале на исток и на реката Елба на североисток. Двете реки не поминуваат директно низ округот. Двете главни водотеци се Боде и Випер, двете се влеваат во Зале.

Регионот надвор од ридовите на Харц, главно е наменет за земјоделство.

Грб

Грбот прикажува: горе лево: црно-белите линии од грофовијата Ашерслебен горе десно: хералдичкиот орел од Прусија долу лево: хералдичкиот мечка од поранешната држава Анхалт долу десно: црвено-бели половина на војводството Магдебург

Градови и општини

ГрадовиЗаедници на општиниФалкенштајнАшерслебен Ланд (вкл. го градот Ашерслебен) Егелнер Мулде (вкл. го градот Егелн) Хеклинген (вкл. го градот Хеклинген) Зеланд (вкл. го градот Хоим) Штасфурт (вкл. го градот Штасфурт)

Надворешни врски

Службена страница Неофицијална страница

Категорија:Историја на Саксонија-Анхалт