мини|десно|250п|Национален парк во Аргентина мини|десно|250п|Националниот парк Јелоустоун, САД мини|десно|250п|Планината Галичица во истоимениот национален парк во југозападна Македонија мини|десно||250п|Национален парк Маунт Аспајринг (Јужни Алпи, Нов Зеланд) мини|десно|250п|Националниот парк Абиску, Шведска Национален парк — заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на владата на една земја. Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, експлоатација на природните ресурси и менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности. Првиот национален парк во светот е Јелоустоун во САД, основан во 1872 г., иако самата идеја е постара. Првиот во Македонија е Пелистер, прогласен во 1948 г. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN), и неговата Светска комисија за заштитени области, националните паркови се класификуваат како заштитени области од II категорија. Најголемиот национален парк во светот е Североисточен Гренланд, основан во 1974 г. Според МСЗП во светот постојат околу 7000 национални паркови (2010).

Критериуми Во 1969 г. МСЗП донеле одлука дека едно место е национален парк ако има релативно големо подрачје со особени својствени одлики.Gulez, Sumer (1992). A method of evaluating areas for national park status. За национален парк се смета место:

со еден или повеќе екосистем кој не е материјално видоизменет со експлоатација и населување од човекот, каде раститтелните и животинските водиви, геоморфолошките места и живеалишта се од особен научен, образовен и рекреативен интерес и кои содржат природни предели со значителна убавина. каде највисокиот надлежен орган во земјата спречил и отстранил експлоатација и населување во целата област штом може и да налага почитување и заштита на еколошките, геоморфолошките и естетските особености поради кои областа е прогласена за национален парк. каде на посетителите им се дозволува влез, од посебни услови, за инспиративни, образовни, културни и рекреативи цели.

Во 1971 г. се донесени дополнителни критериуми за појасно утврдување на подобноста на една област:

површина од барем 1.000 хектари во секое подрачје каде важи заштитата законски пропишана заштита буџет и доволно кадар за успешна заштита забрана за експлоатација на природните ресурси (вклучувајќи брани) во име на спорт, риболов, управни потреби, сместувања, услуги итн.

Во Македонија

Во Република Македонија има три национални парка:

Пелистер Маврово Галичица

Покрај ова, во постапка е разгледувањето за прогласување на Шара за четврт национален парк.

Поврзано Екологија Список на национални паркови Национални паркови во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Национални паркови во Македонија За националните паркови во Македонија База на заштитени области во светот — ООН Национални паркови во светот

Категорија:Заштита на природата Категорија:Заштитени подрачја Категорија:МСЗП-Категорија II