Меѓимурје (Меѓимурска жупанија) е жупанија на крајниот север на Хрватска. Центар на жупанијата е Чаковец.

Географија Жупанијата се граничи со Унгарија и Словенија, додека пак е многу блиску и со границата на Австрија. Западниот дел допира на падините на Алпите, додека пак централниот и источниот дел на низината (Панонска низина). Жупанијата се наоѓа помеѓу две реки, Драва на југ и Мура на север и исток, до устието на Драва (кон границата со Унгарија). Таа е најсеверната жупанија во Хрватска, која според одликите на природната средина се дели на два дела: Горо Меѓимурје, кое е ритчесто и поретко населено, и Долно Меѓимурје, кое е низинско и понаселено.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009. Население Меѓимурската жупанија е најгусто населен дел на Хрватска. На подрачје од 729,5 км2 (72,956 ha), во 126 населени места живеат 126,500 жители што претставува густина на населеност од 164,2 жители на км2. Хрватите сочинуваат 96% од населението во оваа жупанија, додека пак останатите (Унгарци, Словенци и Роми) сочинуваат 4% од населението.

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857

|бр. на жители''' 118,426 119,866116,825115,660112,073112,551110,68699,34692,76088,62379,80873,72866,63861,39755,412

Извор

ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Надворешни врски Официјален портал на жупанијата

Наводи

Категорија:Меѓимурска Жупанија Категорија:Жупании во Хрватска